Агенцијата OCPNews Service соопштува за чудото на Пресвета Богородица во еден од манастирите.
Случајот е раскажан од страна на една христијанка од Сирија, која неодамна го посетила својот дом. Чудото се случило минатиот месец, кога група терористи со ракети гаѓале кон манaстирот.
Монахињите слушнале страшна врева и почуствувале силна вибрација од лансирањето на ракетите.
Тие биле уверени дека ракетата ќе ги убие и ќе го сруши манастирскиот комплекс. Но, ништо од тоа не се случило, па монахињите се заинтересирале за „судбината" на ракетата.
По неколку недели манастирот бил посетен од страна на еден од сириските генерали за да им честита Божиќ и Нова Година.
За време на разговорот офицерот прашал дали манастирот во последно време преживеал некакво необично случување.
Сестринството на ова семејство му раскажало за ракетата, која кон манастирот ја упатиле бунтовниците, но која не им нанела никаква штета.
Офицерот бил крајно воодушевен, слушајќи за инцидентот, и рекол дека иако не го видел лансирањето на ракетата, заедно со другите луѓе видел нешто чудно и сосема необично.
Ракетата речиси стигнала до манастирот, кога одненадеж на небото се појавила жена, облечена во сина облека, која ја сопрела ракетата. Сите, кои го виделе тоа, биле вчудоневидени.
Генералот бил заинтересиран која е таа жена облечена во сино, од која извира необична благодет. На крајот сфатил, дека тоа не може да биде никој друг, туку Пресвета Богородица.
(MKnews)
14 февруари 2014