Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:40 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Американскиот сон стана ноќна мора

    Американскиот сон стана ноќна мора

    Во векот во кој бројни стари правила повеќе не важат, мнозинството Американци се песимистички кога се работи за шансите за остварување на американскиот сон

    Економскиот систем е таков што, Американците мора да работат повеќе за да напредуваат, а политички не одговара на нивните барања, сметаат Американците кои  учествувале во истражувањето.

    Осум од десет испитаници сметаат дека денес живеат потешко отколку претходно и дека за напредок мораат да вложат повеќе напори од претходните генерации. Само 15% од испитаниците, сметаат дека треба да работат како порано, а пет посто мислат дека денес е полесно од порано.

    Американците исто така не мислат дека работите набрзо ќе тргнат на подобро, напротив 78% од испитаниците очекуваат дека на идните генерации  ќе им биде потешко.

    Претседателот Барак Обама често говори за растечката нееднаквост меѓу богатите и сирамашните,  предлага раст на минималната плата и субвенционирано здравствено осигурување, како и програма за преквалификување на работниците. Истовремено се зазема за слободна трговија која многумина ја сметаат за главен виновник за „заминувањето" на работните места во поевтини, странски фабрики.

    Републиканците, од друга страна, сакаат да им помогнат на деловните луѓе верувајќи дека тоа ќе доведе до отварање на нови работни места и поголеми плати.

       (Нова Македонија)
        16 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 168 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024