Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:23 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ДЕЦА ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА СОПСТВЕНИОТ ЖИВОТ БЕЛГИЈА ГО УСВОИ ЗАКОНОТ ЗА ЕВТАНАЗИЈА НА МАЛОЛЕТНИЦИ

    ДЕЦА ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА СОПСТВЕНИОТ ЖИВОТ

    БЕЛГИЈА ГО УСВОИ ЗАКОНОТ ЗА ЕВТАНАЗИЈА НА МАЛОЛЕТНИЦИ

    Со мнозинство гласови Долниот дом на парламентот на Белгија во четвртокот вечерта, откако тоа претходно го стори и Горниот дом, го усвои законот за евтаназија на малолетници, пренесува Би-би-си. Во белгискиот парламент „за" законот гласале 86 пратеници, 44 биле „против", а 13 се воздржале од изјаснување. Претходно во декември во Сенатот, предлог-законот за евтаназија на малолетни лица доби поддршка од 50 белгиски сенатори, а 17 не го поддржаа. Законот ќе стапи во сила следните неколку седмици.

    Безнадежна медицинска состојба

    Со законот се овозможува првото на малолетници при согласност на родителите или родителите на дете со инвалидитет да побараат евтаназија. Барањата ќе бидат одобрени само во случај детето да страда од неизлечиво заболување и да доживува постојано физичко и душевно страдање, кое не може да се ублажи. Освен тоа, неопходна е и потврда од психолог дека детето е целосно свесно за последиците. Според досегашниот белгиски закон, мора да бидат исполнети строги услови: пациентот мора да боледува од неизлечива болест, мора да биде правно способен и свесен и мора да го формулира своето барање доброволно, промислено и повторено, без никаква принуда.

    Според една неодамнешна анкета, практиката за евтаназија во услови на строга медицинска контрола над неа во Белгија ја поддржуваат 75 отсто од населението. Јавната расправа за правото на евтаназија на децата во Белгија почна во 2008 година и беше проследена со редовни жестоки полемики во комисиите на белгискиот парламент, како и во медиумите. 

    Според авторите на овој закон, фламанските либерали, бројот на децата врз кои евтаназијата може да се примени е многу мал. Тие се повикуваат на статистиката од соседна Холандија каде што овој закон во сила е од 1998 година и во текот на изминатите 15 години имало осум случаи на евтаназија на малолетници. Белгиските медиуми забележуваат дека оваа одредба ќе се однесува само на мал број малолетни лица, главно болни од канцер. Се смета дека ќе се однесува на 10 до 15 случаи годишно, според изјави на медицинскиот персонал. Белгиското законодавство всушност не ја утврдува старосната граница, но наведува дека пациентот мора да биде свесен за својата ситуација и да го разбира значењето на барањето евтаназија. Лани во ноември 16 педијатри ги повикаа белгиските пратеници да го изгласаат законот. 

    - Зошто да се лишуваат малолетниците од оваа последна можност? Искуството ни покажува дека во случаи на сериозна болест и блиска смрт малолетниците многу побрзо созреваат до момент кога тие се поспособни да ја одразат и да се изразат себеси од здравите лица - се наведува во отвореното писмо објавено во медиумите, во кое се тврди дека малолетниците се поинформирани и носат позрели одлуки кога се соочуваат со смртта.

    Верските заедници против

    Белгиските демохристијани, кои се дел од владејачката коалиција што ја предводи премиерот Елио ди Рупо, гласаа против законот и го оценија како неморален. Пред гласањето челниците на христијанската, муслиманската и на еврејската заедница во Белгија со заедничка изјава го осудија законот, а католичките бискупи повикаа на молитва и на пост против него. Бриселскиот надбискуп Андре-Јозеф Леонард минатата недела во проповедта праша зошто државата сака да им даде на малолетниците таква одговорност додека за остварување многу други права мора да чекаат да наполнат 18 години.

    - Законот вели дека адолесцентите не можат да носат важни одлуки за економските или емоционалните прашања, а сега одеднаш им е овозможено да одлучат за некој да им го одземе животот - рекол надбискупот Леонард.

    Противниците на законот сметаат дека одредбите во него се произволни предупредувајќи на тоа дека новиот закон ќе овозможи лизгав терен за понатамошни интерпретации и банализирање на евтаназијата. 

    Законите за евтаназија се покажаа како контроверзни во ЕУ, а Европскиот суд за човекови права им го препушти правото на одлука на националните влади.

    Белгија ја воведе евтаназијата во 2002 година за лица над 18 години, а сега предлогот е сличен на оној во соседна Холандија каде што долната граница е поместена на 12-годишна возраст. По Холандија и Белгија, и Луксембург во 2009 година исто така ја одобри евтаназијата на неизлечливите пациенти, но само за возрасни лица. Во Швајцарија лекарите можат да им помогнат на пациентите да стават крај на своите маки, но евтаназијата самата по себе е нелегална. Белгија регистрирала рекордни 1.432 случаи на евтаназија минатата 2012 година, што претставува зголемување од 25 отсто во однос на претходната.

    УБИЕНА ЕЛС БОРСТ – ТВОРЕЦ НА ЗАКОНОТ ЗА ЕВТАНАЗИЈА

    Поранешната холандска министерка за здравство Елс Борст (81), под чие покровителство е донесен првиот закон за евтаназија во светот, што стапи во сила во 2002 година, е убиена, соопшти холандското јавно обвинителство.

    - Резултатите од истрагата покажуваат дека нејзината смрт, најверојатно, е последица на казнено дело - стои во соопштението.

    Двајца лекари заклучиле дека смртта настанала како последица на повреди откриени на нејзиното тело.

       (Дневник)

        16 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 185 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024