Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:52 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    САД ВО ПАНИКА Моќната руска ракета „рубеж“ е убиец на американската противракетна одбрана

    САД ВО ПАНИКА

    Моќната руска ракета „рубеж" е убиец на американската противракетна одбрана

    Се вжештува полемиката меѓу Вашингтон и Москва околу новата руска ракета РС-26 рубеж. Непознат е досегот – од две до шест илјади километри.

    Иако Русите не кријат дека ја испробуваат новата ракета „РС-26", поради тоа што не се соопштени нејзините карактеристики и должината на летот, минатите денови на релацијата Вашингтон – Москва се водеше полемика што создаде уште поголема магла, пишува Новости. Неоспорно е дека Американците сè повеќе ги нервира не само растот на воените буџети на Кина и на Русија, туку и информациите дека руските воени конструктори експериментираат со најновата ракета РС-26, која ја нарекоа „рубеж", што во превод значи „граница" или „меѓа". Американците претпоставуваат дека нејзиниот досег би можел да биде од две до шест илјади километри.

    Задачата што ја добија руските конструктори не е тајна: новата ракета мора да биде побрза и „попаметна" од американските пресретнувачи што тие ќе ги постават во Полска, Романија, Турција, но и на бродовите.

    Но зошто досегот на новата ракета е толку во центарот на вниманието?

    „Њујорк тајмс" тврди дека Русија испитува нова крилеста ракета и ги крши постојните меѓународни договори, поточно советско-американскиот договор за уништување на ракетите со среден и мал досег. Станува збор за договорот од 1987 година што го потпишаа Горбачов и Реган, врз основа на кој Советите уништија 1.846 ракети од среден и мал досег, а Американците 846!

    Во Москва сметаат дека многу нешта се сменети и дека повеќе не треба да се придржуваат кон споменатиот договор на Горбачов и Реган. Лани Сергеј Иванов, шефот на администрацијата на претседателот, кој своевремено беше и министер за одбрана, рече дека Русија не може бескрајно да го исполнува споменатиот договор. Еден од поугледните руски експерти за ракетна техника, Павел Золотарјов, кој е заменик-директор за изучување на Америка и Канада, тврди дека Русија нема да излезе од споменатиот договор, без оглед на политичките изјави.

    „Кога беше потпишан овој договор, Американците ги поставуваа своите ‘першинзи’ во Европа и тие можеа да долетаат до Русија за десетина минути. Замислете такви ракети Американците да стават во балтичките земји", вели Золотарјов.

    Несомнено е дека Вашингтон го мачи испитувањето на новата руска интерконтинентална ракета од стратегиско значење „РС-26". Досега се изведени пет проби, од кои четири беа успешни. Оваа ракета ќе биде помоќна од постојните „тополи" и „јарси". Впрочем, потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин го нарече „рубеж" убиец на американската противракетна одбрана (ПРО). Руските конструктори, како што тврди Рогозин, успеале да направат високопрецизно оружје што е во состојба од голема далечина да погоди јаболко. Русија во државниот буџет предвидела поголема сума пари предвидени токму за изградба на нови фабрики за најсовремените ракети.

     

    ГЛАСИНИ

    Руските експерти сметаат дека Американците намерно ја шират приказната дека Русите имаат ракети од среден и од мал досег за полесно да го оправдаат тоа дека имаат намера да го монтираат својот систем ПРО во Европа. А во Москва, руските генерали тврдат дека, ако им затреба, тие можат да направат ракети со среден и со мал досег во рок од пет, шест години. 

       (МКД)

       17 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 231 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024