Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:20 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ЛИТВАНИЈА СО РЕФЕРЕНДУМ ЌЕ ГО ЧУВА ЗЕМЈИШТЕТО ОД СТРАНЦИ

    ЛИТВАНИЈА СО РЕФЕРЕНДУМ ЌЕ ГО ЧУВА ЗЕМЈИШТЕТО ОД СТРАНЦИ
    Литванија ќе одржи референдум за трајна забрана на продажбата на земјиште на странци, известија во понеделникот литванските власти, а аналитичарите сметаат дека тој потег би можел да ја доведе земјата во судир со правилата и законите на ЕУ за слободен проток на капитал, пренесува „Ројтерс". Референдумот доби зелено светло откако неговите заговарачи, меѓу кои и членовите на Унијата на зелените што ја предводи Рамунас Kарбаускис, еден од најмоќните сопственици на земјоделско земјиште во балтичката земја, собраа потписи од повеќе од десет отсто од населението за одржување референдум. Литванската Државна изборна комисија потврди дека се собрани 300.000 потписи потребни за закажување референдум, кој е прва успешна народна иницијатива по издвојувањето на Литванија од Советскиот Сојуз во раните 90-ти години.

    Литванија вети дека ќе се откаже од забраната за продажба на земјиште на странци откако во 2004 година ~ се приклучи на ЕУ, по што беше одобрен преоден период до мај за одржување на тоа ветување. Владејачките социјалдемократи и главната опозициска партија Татковинска унија се противат на референдумот исто како и литванската претседателка Далија Грибаускаите, која смета дека гласањето во корист на забраната е гласање против литванското членство во ЕУ. Но, заговорниците на референдумот, литванската Националистичка унија, Литванските селани и Унијата на зелените, повикуваат забраната за продажба на земјиште да остане во сила трајно. Сопственоста над земјиштето е чувствителна тема во државата што преживеа многу окупации низ историјата.

    - Литванците се емотивно врзани за земјата. Kога човек изгледа потиштено, ние велиме дека изгледа како некој што само што си ја продал земјата - вели Валдас Гаидус, директор на анкетната агенција „Вилморус".

    Анкетите покажуваат дека две третини од Литванците се противат на продажбата на земјиштето на странци. Некои сметаат дека нејзиното укинување би можело да доведе до пораст на цените, што не би му одело во прилог на домашното население. Литванскиот парламент сега мора да избере датум за гласање во периодот од мај до јули 

    - Ако референдумот успее, неговите резултати ќе се косат со законите на ЕУ зашто ќе влијаат како ограничување на слободниот проток на капиталот - вели Игнас Вегеле, професор на вилнускиот Универзитет „Миколас Ромерис".

    Во таков случај, Литванија може да се соочи со казни од Европскиот суд на правдата и со ограничен пристап до ЕУ-фондовите, со чија помош се покриваат околу 16 отсто од јавните расходи во земјата.

    За успех на референдумот е потребна излезеност од 50 отсто од населението, а најмалку една третина од вкупниот број гласачи мора да го поддржи предлогот. 

      (Дневник)
       19 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 184 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024