Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:28 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Германија - Русија контролирана изолација

    Германија - Русија контролирана изолација

    Наспроти сиот негативен германски пиар за него и неговата земја, Путин секогаш искрено и со љубезност зборува за Германија и за долгорочноста на руските економски интереси и планови за соработка со Германија и со Франција и желбата кон тој европски тандем да се приклучи и Руската Федерација, со што политичките елити на овие силни европски земји би се доближиле до соништата и до визиите на генералот Де Гол, за „Европа од Ла Манш до Урал"

    Нема никакви сомневања дека Германија, иако членка на ЕУ, покажува дека може да води надворешна политика по своја мера и во свој интерес и сосема независно од меѓународната политика на големиот стратегиски партнер - САД. Според тоа, може да се претпостави дека агресивниот антируски курс на Берлин што отворено се манифестира во последно време е слободен избор на германската надворешна политика и на канцеларката Ангела Меркел лично, а не поведување според политиката на САД или на некој од партнерите во ЕУ. Секако дека ваквиот избор се засновува врз одредени процени на германската политичка елита и врз наоди на некои германски експертски анализи. Заклучоците, од каде и да доаѓаат, најверојатно се движат во рамките на две претпоставки; дека Руската Федерација се наоѓа во инфериорна меѓународна ситуација, која зависи од тоа дали цената на нафтата на светскиот пазар расте или паѓа или, напротив, дека нејзиното меѓународно место и улога, пред сѐ благодарение на конзистентната надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, од ден на ден сѐ повеќе растат и се зацврстуваат. 

    Првата претпоставка во очите на германската елита би имала за цел да ја дисквалификува Руската Федерација како рамноправен надворешен фактор, вбројувајќи ја во редот на земји што служат само како суровинска база, која можат да ја делат и со други партнери, особено со САД (иако Германија веќе низа години е најважниот руски трговски партнер). Втората претпоставка е поврзана со „ликот и делото" на секогаш актуелниот руски претседател Владимир Путин. Тој на германските политички елити во последно време им создава посебни главоболки, бидејќи тие во него гледаат нешто за што веруваа дека засекогаш ја напуштило руската историска сцена, но излегува дека тој со својата харизма и политичка упорност и волја рационално го проценува и го брани рускиот суверенитет и ги штити руските национални интереси.     
    Таквата констелација на работите, разбирливо, не им оди во прилог на германските аспирации за примарно лидерство во ЕУ, но и подалеку на Исток, на просторите на Евро-Азија. Во таа насока особено гласни и упорни критичари на Владимир Путин, покрај германските политичари, се и германските средства за информирање. Се чини дека тој им е трн во око и постојано за него зборуваат или пишуваат со доза на скандалозност, претставувајќи го како „тиранин на руската криминална империја". Во креирањето на негативната слика за рускиот претседател во германската јавност особено предничат неделните весници „Шпигел" и „Штерн", кои постојано и систематски го обвинуваат рускиот претседател за прекршување на човековите права и дерогирање на руската опозиција.

    Од повторниот избор на Путин за претседател на Руската Федерација во мај 2012 година, германските медиуми речиси унисоно и непрекинато (но и без конкретни докази) тврдат дека последните руски претседателски избори се фалсификувани, без оглед на тоа што сите јавни анкети и испитувања во Русија покажуваат дека јавното мислење во земјата целосно ги поддржува остварените изборни резултати. Во антируски дух е приодот и на германското толкување на руската дипломатска победа во врска со кризата и ситуацијата во Сирија, со што Русија пред целата светска јавност неочекувано го покажа сиот свој дипломатски потенцијал на голема сила од која беа запрени сите американски планови и мерки за решавање на сериозната и компликувана сириска криза според нивно сценарио и замисла.   
     
    На контото за поткопување на меѓународниот углед на Путин, Берлин ја става и неодамнешната афера со американскиот граѓанин Едвард Сноуден, кому Кремљ му понуди привремено засолниште од американските обвинувања за шпионажа и издавање државни тајни и не одобри негова екстрадиција во САД. Но, сепак, како најсериозен камен на сопнување во односите и релациите на Германија со Руската Федерација е одбивањето на Украина да го потпише договорот за слободна трговија и асоцијација со ЕУ, настан што кон крајот на минатата година предизвика нескриен бес кај германската канцеларка Ангела Меркел. Со прифаќањето на рускиот кредит од 15 милијарди долари и намалување на цената на рускиот гас за Украина за 30 проценти, германскиот анимозитет спрема Русија премина во обид за тивка, но нескриена меѓународна изолација на Русија, па дури и отворен бојкот спрема земјата, а особено спрема рускиот претседател. Тоа се покажа и со неприсуството на германскиот претседател Јоахим Гаук на неодамнешното свечено отворање на 22-те зимски Олимписки игри во Сочи. Во свечената ложа за време на церемонијата се забележуваше и отсуството на други високи гости од западните земји, чие присуство во нормални услови би било протоколарно очекувано.

    Радикализацијата на безбедносно-политичката ситуација во Киев и другите поголеми украински градови, која од ден на ден прераснува во вистинска револуција и ги зеде и првите човечки жртви, поради барањата на опозицијата во земјата за промена на власта во државата и нејзината стратегиска определба кон Запад, ЕУ и НАТО, а откажување од сојузот и соработката со Русија, имаат отворена поддршка од Запад, а особено од Германија. Затоа епилогот од борбата за Украина меѓу Запад и Германија на едната и Русија на другата страна е крајно неизвесен. Меѓутоа, сосема е јасно дека германската политичка елита нема бргу и лесно да се откаже од придобивањето на Украина, или барем на еден дел од украинското население, кое инклинира кон Запад и евроинтегративните економски и безбедносни процеси, како што и Кремљ нема лесно да се откаже од своето традиционално историско влијание и присуство врз голем дел од украинско население и територија.  
       
    Во моментов сето германско влијание е концентрирано околу помагањето на водачот на украинските опозиционери, познатиот професионален боксер Виталиј Кличко, кој формира и сопствена политичка партија Удар. Партиската програма се сведува на симнување од функцијата претседател на Украина на Виктор Јанукович и избор на негово место на новопечениот лидер на украинските конзервативци, популарниот Кличко. Неодамнешното присуство на германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле на Мајданот во Киев е потврда на германската безрезервна поддршка на генералната промена на внатрешниот и на надворешнополитичкиот курс на Украина, без секакво влијание и присуство на Руската Федерација. Според тоа, значајната германска улога во настаните во Украина ја покажува сета нереалност на надежите на рускиот претседател Путин за Русија геоекономски да се поврзе со двете централни европски сили Германија и Франција. 

    Наспроти сиот негативен германски пиар за него и неговата земја, Путин секогаш искрено и со љубезност зборува за Германија и за долгорочноста на руските економски интереси и планови за соработка со Германија и со Франција и желбата кон тој европски тандем да се приклучи и Руската Федерација, со што политичките елити на овие силни европски земји би се доближиле до соништата и визиите на генералот Де Гол, за „Европа од Ла Манш до Урал". Оваа идеја на големиот француски државник и воен стратег се чини сѐ уште нема да го доживее своето конкретно остварување. Заладувањето на политичките односи Запад-Исток, стагнацијата во економската соработка и продлабочувањето на финансиската криза, контролираната изолација на Русија од актуелните европски политички текови, во скора иднина, не ветуваат ништо добро во таа насока.

    Авторот е поранешен македонски дипломат
     
      
    Автор: Драган Јањатов
    (Нова Македонија)
    20 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 222 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024