Руската телевизија „Раша Тудеј" објави прислушкуван разговор на естонскиот министер за надворешни работи Урмас Пает со шефицата на ЕУ за надворешни работи, Кетрин Ештон, на која Пает укажува дека снајперистите кои пукаа врз демонстрантите на плоштадот Мајдан во Киев, но и врз полициските сили, всушност биле ангажирани од опозиционерите кои протестираа против претседателот Виктор Јанукович.
Снимката од разговорот била направена од украински разузнавачи лојални на протераниот претседател Виктор Јанукович.
"Сега постојат уште посилни индиции дека зад снајперисти не стоеше Јанукович, туку некој од новата коалиција", истакнува Пает во еден дел од разговорот.
„Друго, што е исто така вознемирувачко, докторката ни рече дека сите докази укажуваат на тоа дека настраданите од двете страни се стрелани од ист
снајпер", нагласува естонскиот министер за надворешни работи и додава дека исто така вознемирувачко е тоа што новата коалиција не сака тоа воопшто да го истражува овој настан.
На тоа Ештон одговара: „Мислам дека треба да покренеме истрага за тоа... Досега не сум го слушнала тоа, а е многу интересно. Боже..."
Според информациите на радиото „Гласот на Русија", разговорот се одвивал по посетата на естонскиот министер за надворешни работи на Киев на 25-ти февруари, во екот на судирите меѓу демонстрантите и полицијата на киевскиот Мајдан, кога загинаа голем број луѓе, и од страната на демонстрантите и од страната на полицијата. Целиот разговор во меѓувреме е постиран и на Јутјуб.
(Дојче Веле)
5 март 2014