Референдумот за статусот на автономната република Крим ќе се одржи на 16 март, изјави кримскиот вицепремиер Рустам Темиргалиев.
Граѓаните ќе треба да одговорат на две прашања.
Првото е дали сакаат Крим да стане субјект на Руската Федерација, а второто е дали се за враќање на уставот од 1992 година, според кој Крим е дел од Украина.
Во меѓувреме, Парламентот на Крим донесе принципиелна одлука за влегување на автономната република Крим во состав на Руската Федерација.
(Нова Македонија)
6 март 2014