Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-11-22, 8:52 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ВСЕЛЕНСКИОТ ПАТРИЈАРХ БАРА ГРЧКА СВЕТА ГОРА ДА СЕ ЗАЧУВА ОД РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ

    ВСЕЛЕНСКИОТ ПАТРИЈАРХ БАРА ГРЧКА СВЕТА ГОРА ДА СЕ ЗАЧУВА ОД РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ

    Намерата на вселенскиот патријарх Вартоломеј да го ограничи бројот на негрчките монаси во дваесет манастири на Света Гора, најверојатно, е резултат на неговата желба да му се спротивстави на с` поголемото руско влијание во монашката република. Вакви толкувања се појавија во православните информативни кругови по неодамнешното писмо што цариградскиот патријарх го упатил до раководното тело на Света Гора во кое практично се бара во иднина да не се дозволи поголемото населување на монасите што не се Грци по род. Доброинформираниот грчки портал Ромфеа.гр објави дека во својот допис патријархот ја искажал загриженоста поради обидите за „автономизација на Света Гора и измената на нејзиниот изглед".

    - Загриженоста е поради неконтролираниот и неограничен прилив на монаси што не се од грчко потекло. Затоа, се планира да не се даваат дозволи за населување на негрчките монаси во гркофоните манастири. Има и препорака според која, вкупниот број на монасите-странци не треба да надмине десет проценти од вкупниот број светогорски монаси - објави порталот.

    Ваквата најава, всушност, претставува воведување на забраната за населување на странци на Света Гора. 

    - Ако се прифати ова, ќе значи нарушување на вселенскиот карактер на Света Гора и тоа токму во периодот кога и самиот вселенски патријарх зборува за потребата православието да му се спротивставува на етнофилетизмот - бил коментарот на дел од светогорските монаси.

    Бугарскиот верски портал „Двери.бг", пак, директно посочува дека зад ова писмо на кое светогорското раководство наскоро ќе даде свој одговор, стои намерата на цариградскиот патријарх да го ограничи руското влијание. Писмото, било напишано уште пред една година но е испратено токму пред одржувањето на сеправославниот собор во Истанбул. Не е познато дали за оваа тема зборувале патријарсите.

    - Тоа е одговор на руските претензии, особено намерата да се засили рускиот манастир „Свети Пантелејмон", но и да се има поголемо руско влијание врз други манастири - анализира порталот.

    Стравот на Цариград, кој има духовна јурисдикција врз Света Гора, се врзува за руските планови за голема прослава на 1.000-годишнината од руското присуство на полуостровот, во 2016 година, на која ќе присуствува патријархот Kирил. Тој минатата година беше во посета на рускиот манастир „Свети Пантелејмон" со голема делегација, а што беше критикувано во грчките медиуми. Разликите меѓу двајцата патријарси избувнаа и на неодамнешниот собор, но, сепак, беше постигнат компромис по ултимативните барања на РПЦ.

    Бранко ЃорЃевски

       (Дневник)
        14 март 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 184 | Added by: Вељанко
    Total comments: 2
    2 Вељанко  
    0
    се знае и на кого мислам...

    1 Вељанко  
    0
    Да се знае до каде отидоа... мислам, што да се коментира... и како...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024