Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-11-22, 9:57 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    БРИСЕЛ И МОСKВА ВО ТРKА МОЛДАВИЈА СЕ БЛИЖИ КОН ЦАРИНСКА УНИЈА СО РУСИЈА

    БРИСЕЛ И МОСKВА ВО ТРKА

    МОЛДАВИЈА СЕ БЛИЖИ КОН ЦАРИНСКА УНИЈА СО РУСИЈА

    По тригодишни макотрпни подготовки, за Молдавија стигна европската најава дека во јуни ќе ја потпише Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Унијата, ама сега, под влијание на Москва, во време кога светската јавност се занимава со настаните на Kрим, таа може да падне во вода. 

    Kако главни противници на Спогодбата со Брисел се јавија жителите на молдавската покраина Гагаузија, во која живеат 23 илјади луѓе, а ги поттикнал нивниот лидер Михаил Формузал. Инаку, покраината со руско православно малцинство од турско потекло функционира автономно, а само правосудството, надворешната и безбедносната политика се под надлежност на Молдавија. 

    Референдум против договорот со ЕУ

    Најголемата политичка поддршка за Гагаузите стигна од молдавските комунисти, кои, според анкетите, имаат најголеми шанси да победат на изборите што ќе се одржат наесен. Првата одлука што ја најавуваат во случај да дојдат на власт е дека ќе ја поништат Спогодбата со ЕУ, ако воопшто биде потпишана. 

    - Молдавците не се глупави. Гледаат на телевизија како под знамето на ЕУ се води антидемократска политика. Ние сакаме да покажеме кои се предностите на царинската унија со Русија – изјавила Ина Шапак, пратеничка во парламентот од Kомунистичката партија. 

    Аналитичарите во Молдавија, пак, стравуваат дека Русија може да предизвика политичка криза во земјата. 

    - Сепак, се надевам дека ќе надвладее нашата политичка свест – вели за „Дневник“ Оазу Нантои, директор во Институтот за јавна политика. 

    Тој објаснува дека во молдавското општество има широк спектар на мислења и дека тоа е поделено според етнополитички критериуми. Според него, повеќето од граѓаните на Молдавија се за евроинтеграција, но малцинствата во земјата се наклонети кон Русија. Иако е свесен дека во земјата има натпревар „за“ и „против“ ЕУ или Русија, тој е оптимист дека ќе тргнат во европски правец.

    - Спогодбата со ЕУ ќе ја потпишеме, ама се плашиме од можно вмешување на Русија. Москва ќе се обиде да ја дестабилизира ситуацијата во Украина и се плашиме дека овој бран на насилство ќе дојде на границите на Молдавија ако Путин не биде запрен – ни изјави Нантои. 

    Додека официјален Kишињев се подготвува за приближување кон Брисел, експертите оценуваат дека рускиот претседател Владимир Путин презема чекори со кои ќе ја натера земјата да почувствува колку е зависна од Русија. Лани во септември го ограничил увозот на вино од Молдавија, а набрзо потоа не дозволил во Русија влез за 20 илјади од половина милион молдавски гастарбајтери. А сега во тек е и третата фаза од обидот да се спречи потпишувањето на договорот со ЕУ - од февруари Гагаузите се подготвуваат за бунт против тој потег бидејќи поважни им се економските врски со Русија отколку трговските партнери во ЕУ. Нивниот лидер Формузал, инаку поранешен мајор во советската армија, ги повика своите следбеници на референдум да се изјаснат против договорот со ЕУ. Неговите аргументи биле дека договорот ќе ја наруши економската рамнотежа и ќе ја загрози автономијата на Гагаузија. 

    Рускиот пазар сигурна егзистенција

    Дури 98,5 отсто од 70 илјади Гагаузи, кои излегле на гласање, се изјасниле против трговското поврзување со Унијата и „за“ влез во руската унија за слободна трговија, во која веќе се Kазахстан и Белорусија. Но, референдумот нема правни последици бидејќи Гагаузија нема право да одлучува за политиката на цела Молдавија. 

    Гагаузија, која најмногу се противи на договорот со ЕУ, одржува добри трговски врски со Русија и за покраината ориентирана на земјоделство турскиот пазар значи егзистенција. На европскиот пазар, според нив, производите на гагауските винари и земјоделци не би имале никакви шанси. 

    - На нашето стопанство му требаат уште десет години за да стане конкурентно на европскиот пазар. А идните десет години може да н` спаси само рускиот пазар – вели Формузал. 

    Таков е ставот на повеќето жители на Гагаузија ,кои во Русија гледаат шанса за наоѓање работа и објаснуваат дека на референдумот не се изјасниле „за“ Русија, туку за царинска унија. Немаат ништо против ЕУ, туку се противат на раскинување на врската со Русија. 

    - Главниот проблем е што 25 илјади Гагаузи денеска работат во Русија, а ако се потпише договорот со ЕУ, ќе н` протераат од Русија. Што тогаш? Луѓето ќе бараат од мене да им најдам работа, а јас нема да можам – додава Формузал, кој е убеден дека само влезот на Молдавија во царинската унија на Путин може на неговата покраина да ~ донесе стабилност и да ~ ја обезбеди автономијата.

    Според него, Москва веќе најавила и „награда“ за овој чекор, па наскоро повторно ќе го увезува виното од Гагаузија без ограничување и ќе им ја намали цената на плинот.

    ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ВНАТРЕШНА ПОДЕЛБА

    Во Молдавија живеат околу четири милиони жители. Земјата до 1990 година ~ припаѓала на Романија с` додека не ја анектирал Советскиот Сојуз. Молдавија денеска има голем потенција за внатрешна поделба, особено во регионите Предностровје и Гагаузија. Предностровје е на истокот од земјата на самата граница со Украина и има околу 200 илјади жители, етнички мешани Молдавци, Украинци и Руси. Во 1990, една година пред распаѓањето на Советскиот Сојуз, Преднестровје прогласи независност од Молдавија поради стравот дека Молдавија пак ќе се приклучи кон Романија. Втората област е Гагаузија, која е под руско влијание.

    (Дневник)

    25 март 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 173 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024