ПРИДЊЕСТРОВЈЕТО И ПРЕДЛАГА „ЦИВИЛИЗИРАН РАЗВОД“ НА МОЛДАВИЈА
Лидерот на Придњестровјето Евгениј Шевчук изјави денеска дека иднината на непризнаената република е со Русија, а со Молдавија таа треба „цивилизирано“ да се раздели.
- Наш сон е независно Придњестровје, кое е заедно со Русија. Предлагаме на молдавските политичари да преземат одговорни чекори и правно да ја оформат фактичката состојба на нештата, т.е. да го признаат Придњестровјето. Може да се разделиме по примерот на Чешка и Словачка, рече Шевчук во обраќање кон жителите на Придњестровјето.
Според него, ваква варијанта би дала можност на секој „да тргне по својот пат, што е праведно“.
- Раководството на Молдавија може да донесе одлука да тргне по својот пат - кон ЕУ, НАТО или Романија, изјави тој.
(Утрински Весник)
7 април 2014