Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 11:40 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    РОМАНЦИТЕ ГО БРКААТ „ШЕВРОН“

    РОМАНЦИТЕ ГО БРКААТ „ШЕВРОН“

    Илјадници граѓани излегоа на улиците во романските градови во знак на протест поради плановите на американскиот енергетски гигант „Шеврон“ да почне со експлоатација на природен гас од шкрилци во оваа земја. Според демонстрантите, овој метод на вадење гас претставува опасност за животната средина и за здравјето.

    „Шеврон САД“, не може само да се појавите неповикани и да сеете смрт!, пишува на еден од многуте транспаренти што ги носеа демонстрантите на Универзитетскиот плоштад во Букурешт, на кој се собраа неколку стотини луѓе. Слични протести се одржаа во текот на деновите на викендот и во други романски градови, јави АФП.

    Жителите на Романија се плашат од последиците што може да се случат од употребата на методата со хидрокршење за извлекување гас од шкрилци. Со оваа технологија на голема длабочина под почвата под силен притисок вшприцуваат токсични течности, кои ги кршат шкрилците, при што се ослободува гас.

    - Имам три деца и сакам да пораснат во здрава животна средина со чиста вода. Експлоатацијата на гасот ~ се заканува на водата во реката - вели еден од демонстрантите.

    Експертската и научната јавност предупредуваат дека оваа постапка може да ја загади водата за пиење која се наоѓа во земјиштето или, пак, да предизвика земјотреси од различен интензитет.

    Kомпанијата „Шеврон“ тврди дека ги почитува сите правила за заштита на животната средина. Американците имаат дозвола да експлоатираат гас од шкрилци на североистокот од Романија и на црноморскиот брег на земјата.

    И покрај протестите, „Шеврон“ почна со изградбата на првото наоѓалиште за експлоатација на гас во селото Пунѓести.

    Демонстрантите исто така го критикуваа премиерот Виктор Понте, кој додека беше во опозиција, се спротивставуваше на вадењето гас од шкрилци, а сега го подржува овој нов извор на енергија.

    Добивањето гас од шкрилци е забрането во Франција, Бугарија и во други земји од Европската Унија, но се користи во некои држави на САД. Заедничките резерви на гас на Романија, Бугарија и на Унгарија изнесуваат околу 538 милијарди метри кубни и се најголеми во источна Европа.

    (Дневник)

    8 април 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 186 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024