Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 11:44 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ПОЛИТИЧКАТА ВОЈНА СО ГАСОТ СЕ ЗАОСТРУВА ВМРО-ДПМНЕ за „Јужен тек“, СДСМ за ТАП и за „Јужен тек“, ЕУ за санкции и за ТАП

    ПОЛИТИЧКАТА ВОЈНА СО ГАСОТ СЕ ЗАОСТРУВА
     

    ВМРО-ДПМНЕ за „Јужен тек“, СДСМ за ТАП и за „Јужен тек“, ЕУ за санкции и за ТАП

    Само што ги средија работите за гасоводот „Јужен тек", Москва и Брисел се најдоа во нова војна. Администрацијата во Брисел, мотивирана од случувањата во Украина, преку своите земји членки (Бугарија, Хрватска и Австрија, а и преку Србија) почнува политички притисок за запирање на проектот. Еден крак од гасоводот треба да влезе и во Македонија, што за нас значи долгорочно решавање на проблемот со енергијата.

    Се засилува политичкиот притисок од Брисел за целосно стопирање на изградбата на гасоводот „Јужен тек“ кој треба да поминува под Црното Море, преку Бугарија, Србија, Хрватска и Австрија.  Прва на удар на Европската комисија е Бугарија. Таму, реализацијата на овој проект веќе стана прашање на политички избор – Русија или Европа.

    Во Македонија експертите велат дека ќе имаме енергетска стабилност и без „Јужен тек“. Досега тука никој и не направил никаква пресметка колку би чинело поврзувањето на Македонија на гасоводот што оди од Азербејџа, Турција, преку Грција, за Албанија и Италија. т.н. ТАП (Trans Adriatic Pipeline). Според планот, цевките од овој гасовод би поминувале на само 50 километри од македонско-грчката граница. Овој Трансјадрански гасовод ни се посочува како можна сериозна енергетска алтернатива за земјата.

    Пред два дена американскиот дипломат Kарлос Паскал, задолжен за разработка на енергетската политика на САД кон светот, најави дека ЕУ ќе ја суспендира изградбата на рускиот гасовод „Јужен тек“ кон Балканот и отворено го препорача Трансјадранскиот гасовод како алтернатива.

    Сепак , што и да се случи, сите во Македонија велат дека нема причина за паника.

    Политика

    Интересно е и тоа што во изборните програми на двете најголеми политичките партии во земјава, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ има разлика во однос на спроведување на проектот за гасификација на Македонија. За ВМРО-ДПМНЕ нема дилеми дека тоа е можно само со руски гас и реализација на проектот „Јужен тек“. За разлика од нив, СДСМ смета дека мора да се размислува и на ТАП.

    „Приклучување кон „Јужен тек“ ќе биде во согласност со правилата за внатрешниот пазар на енергија на Европската Унија. Ќе одиме и на приклучување кон гасоводот на ТАП, со што ќе се обезбеди диверзификација на снабдувањето со природен гас, а особено поефикасна гасификација на југозападна Македонија“, пишува во програмата на СДСМ.

    Сепак, се ова е всушност само најава за политичката војна меѓу ЕУ и Русија и притисокот на Брисел што повеќе земји да се приклучат кон санкциите на ЕУ и на САД поврзани со кризата во Украина. Засега и од Русија и од Бугарија доаѓаат информациите дека гасоводот се гради и дека нема никакви официјални известувања за некакви запирања.

    Инаку изградбата на ТАП има голема поддршка на највисоко ниво и од ЕУ и од САД.  Капацитетот на „Јужен тек“ е 31 милијарда кубни метри гас, а капацитетот на TAП е 10 милијарди кубни метри гас. Македонија лани потроши рекордни количества гас, нешто повеќе од 130 милиони кубни метри. Капацитетот на посточкиот гасовод е 800 милиони метри кубни. Годинава се планира потрошувачката на природен гас да изнесува 328 милиони метри кубни, што е за 75 отсто повеќе во однос на лани.

    Градот Скопје го почна проектот за гасификација, што заедно со развојот на другите индустриски погони, многу ќе ја зголеми потрошувачката на природниот гас во земјава. Војната со гасот почнува да се заострува, а со тоа и бројни стратешки и политички прашања.

     

    А.Д. 

    (МКД)

    8 април 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 197 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024