Извештаите за преговорите за мултимилионски договор за продажба на иранска нафта на Русија се последната можна пречка за САД за сеопфатен договор со кој би била елиминирана заканата од иранско нуклеарно оружје, јавува Ројтерс.
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама размислува за можните последици од санкциите кои, доколку руско-иранскиот договор биде постигнат, би му биле наметнати на Иран поради загрозување на договорот за нуклеарно оружје.
Рускиот економски весник Комерсант известил дека Русија планира да купува 500.000 барели иранска нафта дневно, со што би била надмината извозната граница поставена со привремениот договор за иранскиот нуклеарен потенцијал кој таа земја го постигна со светските сили кон крајот на минатата година.
Москва и Техеран се сѐ уште далеку од постигнување договор, но тоа не е причина САД уште сега да се чувствуваат загрозено.
(МКД)
8 април 2014