Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 11:21 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    ЏУЛИЈАН АСАНЖ Сите зборуваат за Крим, а го игнорираат тоа што САД го анектираа целиот свет преку глобалното шпионирање

    ЏУЛИЈАН АСАНЖ
     

    Сите зборуваат за Крим, а го игнорираат тоа што САД го анектираа целиот свет преку глобалното шпионирање

    Медиумите се преполни со текстови за приклучувањето на Крим кон Русија, но сите го игнорираат фактот дека разузнавачката алијанса „Пет очи“, главно САД, го анектираа целиот свет преку нивното шпионирање, рече основачот на Викиликс Џулијан Асанж, пренесува Вир.

    Говорејќи на конференцијата ВХД.глобал во средата, Асанж, кој од 2012 година живее во азил во амбасадата на Еквадор во Лондон, посочи дека постои потреба за независна интернет-инфраструктура за земјите да си го задржат суверенитетот и да ѝ се спротивстават на американската контрола над поголем дел од комуникациите. Годишната конференција е посветена на глобалниот надзор и прашањата за приватноста.

    „До некој степен ова е прашање на националниот суверенитет. Вестите се преполни со разговори за тоа како Русија го анектира Крим, но реалноста е дека разузнавачката алијанса „Пет очи“, главно во САД, го анектираа целиот свет како резултат на анектирањето на компјутерските системи и комуникациската технологија со која функционира современиот свет“, рече Асанж.

    Асанж истакнал дека информациите што ги дава Едвард Сноуден за шпионирањето на НСА и ГЦХКју предизвикаа нов бран на отпор против американската контрола, префрлајќи ги геополитичките сили во Европа.

    „Овие откритија дека САД и (британската) ГЦХКју го анектираа нашиот нов интернет-свет предизвикаа пазарните сили да почнат да прават нешто околу тоа. Но тие исто така, во рамките на Европа, играат еден мошне интересен геополитички феномен, кој се состои во германското раководење на Европа и нејзиното покажување дека ја раководи Европа.“

    „Еден од начините да го покаже тоа е да покаже дека никој друг не ја контролира. Тука го имаме примерот на Ангела Меркел и германското општество како целина, кои полека се залагаат да покажат некој вид независност од САД“, рече тој.

    „И ние апсолутно треба да го грабнеме тој момент за да се обидеме да добиеме поголема независност за Европа од доминантниот военоразузнавачки систем во светот, алијансата САД-НАТО, која држи повеќе од 75 отсто од глобалните воени и разузнавачки трошоци.“

     

    Асанж ја истакна важноста на шифрирањето и новата легислатура за земјите што сакаат нивните доверливи информации да бидат пообезбедени.

    (МКД)

    8 април 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 200 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024