Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:49 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    РУСКАТА ТРЕСКА ЈА ЗАФАТИ И ГАГАУЗИЈА

    РУСКАТА ТРЕСКА ЈА ЗАФАТИ И ГАГАУЗИЈА

    Источните делови на Украина не се единствените свртени кон Москва, пишува „Ал Џезира Балканс“. Во автономниот регион Гагаузија, на југот од Молдавија, неодамна е одржан референдум сличен на тој на Kрим, а повеќето жители од тој регион се чувствуваат повеќе како Руси отколку како Европејци.

    Историјата зацртала многу патишта низ овој регион, но на Москва нема да ~ бидат потребни тенкови ако сака да ја припои Гагаузија кон Русија. Знакот за добредојде на зградата на музичката академија во главниот град Kомрат е напишан на трите јазици што се употребуваат: турски, молдавски и руски. Свештениците во една православна црква држат литургии на сите три јазици, а Гагаузите се христијани со потекло од турските огуски племиња.

    - Во последните 20 години, лидерите во главниот град на Молдавија го пљачкаат народот, истовремено тврдејќи дека напредуваат кон Европа. Унијата ги тапка по рамо и им вели дека им оди добро. Ова не е приказна за успех, туку за корупција, грабеж, кршење на човековите права и дискриминација на етничките малцинства - вели претседателот на автономниот регион, Михаил Формузал, објаснувајќи зошто се противи на приклучувањето кон ЕУ.

    На референдумот одржан во февруари, 98,5 отсто од луѓето гласале за влез во Евроазиската царинска унија и планот на рускиот претседател Владимир Путин за реинтеграција на трговските патишта на поранешниот Советски Сојуз. Мапата на извоз на гагаузиското вино можеби ги објаснува резултатите од референдумот. Најголем дел од виното се извезува во Русија, Kазахстан и во Белорусија, кои веќе го потпишаа планот на Путин. 

    Производителите на вино му наздравуваат на Формузал, кој неодамна се вратил од Москва, каде што договорил укинување на забраната за увоз на молдавско вино, но само за виното од Гагаузија. 

    Дел од жените од регионот успеваат да заработат само по неколку евра дневно, често по неподнослива жештина, подготвувајќи ја земјата за садење кајсии.

    - Нашите лидери сакаат да се приклучиме кон ЕУ, но н` тераат да работиме џабе. Цените тука се високи како на Запад, но платите се ниски. Европа не е за нас - смета една од нив.

    Штрковите што тука свиле гнездо имаат изобилство од храна, но старицата што проси нема што да јаде. Од минувачите не бара пари, само храна. Не успеала да стигне до локалната продавница - ќерка ~ ја оставила на патот. Тоа е една од многуте глетки што укажуваат на очај и сиромаштија на прагот на ЕУ.

    (Дневник)

    11 април 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 238 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024