Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:14 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Путин: САД стојат зад случувањата во Украина, иако прикриено

    Путин: САД стојат зад случувањата во Украина, иако прикриено

    Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека Соединетите Американски Држави ги иницирале случувањата во Украина, пренесува Раша тудеј.

     

    „Она што сега се случува во Украина ни покажува кој е вмешан од почетокот, но Америка одбра сето тоа да го прави прикриено и од страна. Фактот дека сега Америка е предводник во барањата за решавање на украинската криза зборува за тоа дека тие овој процес го воделе од самиот почеток, но дека дури сега се прикажуваат како лидери“, им одговорил Путин на новинарите за тоа што мисли за улогата на АМерика во настаните во Украина.

    Рускиот претседател оценил дека интересите на САД и нивните европски партнери се поклопуваат бидејќи ЕУ сака договор за асоцијација со Украина „и тоа под услови за кои јас сметам дека се крајно неповолни за Украина“, пренесува Итар Тасс.

    Претходната власт во Киев, оценил рускиот претседател, се обидуваше да се спротивстави на тоа, но Западот имаше поинаков план во кој беше вклучено военото сценарио, односно неуставното преземање на власта.

    Путин, меѓутоа, додал и дека иницијаторите на настаните во Украина не можеле да предвидат до каде сето тоа ќе отиде.

    „Иако многумина во Украина ја поддржуваат смената на власта, сепак има многу луѓе на кои тоа не им се допаѓа, ниту пак се согласуваат со начинот на кој дојде до смената. Во тоа немаше ништо демократско“, изјавил Путин.

    Рускиот претседател кажал и дека Москва нема потреба да му возврати на Западот со контрасанкции, но порачал дека Русија би можела да размисли за учеството на западните компании во нејзиното стопанство, вклучувајќи ги и енергетските проекти, доколку западните санкции продолжат.

    (МКД)

    29 април 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 197 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024