Како што пишуваат српските медиуми, откако Абазовиќ му се обратил на Ѓукановиќ, црногорскиот премиер му рекол „седи битанго„, а од партијата на Абазовиќ тврдат дека Ѓукановиќ го повикувал и на лична пресметка.
Ѓукановиќ подоцна изјави дека морал да го брани својот интегритет, но се извини на јавноста и на пратениците, но не и на Абазовиќ.
Целиот инцидент се случил кога Ѓукановиќ ги обвинил пратениците од Позитивна Црна Гора дека се нервозни поради поразите на локалните избори. На неговата изјава реагирал Абазовиќ, по што Ѓукановиќ го нарекол битанга и будала.
(Нова Македонија)
22 ноември 2013