Шешељ бара 12 милиони евра отштета од Хашкиот суд
Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ побара прекин на судскиот процес против него во Хашкиот трибунал, поради исклучување на еден од тројцата судии под сомнеж за пристрасност, пренесува МИА
Шешељ побара и да биде ослободен, а Трибуналот да му исплати 12 милиони евра отштета, бидејќи „11 години е држен во затвор без пресуда, со што му се прекршени основните права".
-Сосема е јасно дека процесот не може да продолжи (по исклучување на судијата Фредерик Хархоф) и единствен можен излез од таквата ситуација е делото под итно да биде прекинато и професор Шешељ да биде ослободен. Новоименуваниот судија Медиај Нианг не треба да прифати да учествуваа во таква фарса, во која неговото присуство ќе биде само во пишувањето и изрекувањето на пресудата, се наведува во 513-та молбата на Шешељ до Трибуналот.
Шешељ е обвинет за воени злосторства извршени во Хрватска, во Босна и Херцеговина и во Војводина. Тој е во затвор од 2003 година, кога доброволно му се предаде на Трибуналот.
(Нова Македонија)
28 ноември 2013