Полицијата во Словенија го бара затвореникот кој за време на сослушувањето избегал од судницата, откако претходно таму ги заклучил судиjката, дактилографката и двајца полицајци.
Затвореникот Урбан Прелац на кој му се судело за тешка кражба и трговија со дрога, бил донесен од затворот Доб каде отслужувал две и полгодишна казна.
Прелац избегал во вторникот од Окружниот суд во Љубљана, на почетокот на истражната постапка за нов случај, само што му биле извадени лисиците од нозете и рацете во судницата пренесуваат словенечките медиуми.
Изненадени и шокирани, полицајцитe кои биле заклучени заедно со судиката, не успеале на време да реагираат.