Босанецот Хајрудин Билалиќ во својот двор пронашол нафта.
-Работев во полето и таму имаше многу ѓубре. Го исчистив со машина и тогаш се појави некаква флека. После тоа разговарав со пријателите и дојдовме до заклучок дека на ова подрачје има природен извор на нафта или пак некаков друг енергенс. Еве веќе 15 години излегува на површината на земјата и никогаш не престанува. Доаѓаа некои странци, но само луѓето од Хрватска земаа примерок и го испратија на анализа – изјавил Билалиќ.
Во Пожарница каде што живее Билалиќ доаѓаат и студенти кои работат на своите дипломски работи.
-Во своите трудови тие наведуваат дека овде има два видови на енергенси, плин и нафта. Разбрав дека ќе дојде некоја фирма од Холандија за да почнат со работа – вели Билалиќ.
До тогаш, вели тој, со комшиите земаме по канистар или два и го користиме за огрев или за премачкување на оградите.
(Нова Македонија)
7 декември 2013