Мркиќ: Србија не сака во НАТО
Србија не сака членство во НАТО, но ќе биде доверлив и одговорен партнер, изјави денеска шефот на српската дипломатија Иван Мркиќ во разговорот со амбасадорите од земјите-членки на Алијансата, кои се акредитирани во земјата.
Тој ги истакна приоритетите на безбедносната политика на Србија, активностите и резултатите од соработката со НАТО преку механизмите на програмата Партнерство за мир, како и придонесот на земјата во регионалната и глобалната соработка со учество во меѓународните мировни мисии на ОН и ЕУ.
Исто така, Мркиќ оцени дека постои простор за натамошно унапредување на соработката во рамки на расположливите механизми на Партнерството за мир.
(Денешен Весник)
18 декември 2013