Радован Караџиќ побарал средба со Џулијан Асанж
Поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ му испратил писмо на амбасадорот на Еквадор во Хаг, во кое побарал дозвола претставник на неговиот адвокатски тим да се сретне со Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, пренесува Индекс.
„Барам од владата на Еквадор дозвола мојот легален претставник да се сретне со Џулијан Асанж, кој моментално престојува во вашата амбасада во Велика Британија", пишувало во писмото на Караџиќ.
Во барањето било наведено и дека адвокатот на Караџиќ ќе ги почитува правилата и дека ќе се однесува во согласност со правилата кои владата на Еквадор ќе ги одреди за таа средба.
Караџиќ ќе биде на располаѓање за таков состанок сѐ до 16 јануари 2014 година, кога против него продолжува судскиот процес пред хашкиот трибунал.
(МКД)
18 декември 2013