Како што јави ХИНА, Милановиќ, кој присуствува на дводневниот Самит на ЕУ во Брисел, нагласи дека во интерес на Хрватска е „Србија и останатите соседни земји да се приклучат кон Европската унија".
-Ние ќе бидеме нивни партнери, а не ментори, потенцира Милановиќ.
Хрватска стана 28-ма членка на ЕУ на 1 јули оваа година, а за 21 јануари 2014 година е најавен почеток на преговорите за членство на Србија во Унијата.
(Денешен Весник)
20 декември 2013