-На албанскиот премиер Еди Рама јасно му реков дека доколку не видиме реални чекори кои ќе покажуваат дека Албанија го признава својот долг и доколку се обиде да го заобиколи тоа, тогаш слободно ќе го блокирам нејзиниот кандидатски статус, изјави Руснок пред чешките пратеници пред вчерашниот Самиот на Европската унија во Брисел кога требаше да се гласа за приближувањето на Албанија кон ЕУ.
На крајот, одлуката на ЕУ беше одложена за во јуни. Руснок, како што пренесе дописникот на МИА од Прага, верува дека ЧЕЗ ќе го добие спорот во меѓународната арбитража против Тирана, кој настана со одземањето на лиценцата за работа на чешкиот енергетски гигант во јануари.
Според Руснок, Чешка не може да смета на отштета од албанска страна, но е уверен дека спорот му нанесе штета на угледот на Албанија пред инвеститорите.
(Денешен Весник)
20 декември 2013