Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 8:32 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Балкан [71]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Балкан » Балкан

    Љубчо за бугарски печат: За 10 години Македонија ќе стане муслиманска држава

    Љубчо за бугарски печат: За 10 години Македонија ќе стане муслиманска држава

    Македонија може да стане трета албанска држава или четврта муслиманска држава во Европа, моите идеи за етнички држави на Балканот веќе ги напуштив, македонската власт е просрпски ориентирана, парадоксално е тоа што Македонците не си ја признаваат бугарската етничка врска...  Ова се делови од интервјуто на Љубчо Георгиевски, претставен и како човек со бугарско државјанство и потекло за бугарскиот весник „Пресе".
     

    Во интервјуто за весникот Георгиевски вели дека веќе не е поборник на идејата за создавање на етнички чисти држави на Балканот.

    „Да, оваа идеја сакав да се реализира на балканска конференција на која сите држави ќе ја дадат својата согласност и тоа да биде чекор кон мирот, а не да се соочиме со војна... Ако денес ја анализираме ситуацијата, ќе видиме дека процесите не се тргнати напред. Босна постои само на хартија, таму реално државата не функционира. Косово се уште е поделено и продолжува да создава проблеми меѓу Албанците и Србите. Македонија е во перманентна нестабилност, чиј опстанок денес зависи само од добрата волја на Албанците. Сфатив дека мојата идеја не може да проработи и веќе не сум активен нејзин поборник. И во исто време не верувам дека освен преку севкупно разбирање, ситуацијата на Балканот нема  да може да се смири".

    За демографските процеси во Македонија, Георгиевски вели дека за 7-8 години Македонија ќе стане муслиманска, а за 15 години ќе стане албанска држава .

    „Кој сака да гледа стратешки на Балканот, треба да го има предвид фактот дека во 2020 година ќе треба да ја третира Македонија како четврта муслиманска држава во Европа. И ќе ви кажам уште нешто - дотогаш проблемот ќе биде наш, македонски, а после проблемот ќе биде балкански и европски".

    Тогаш излегува дека неоотоманизмот жнее успеси во Источна Европа, праша новинарката.

    „Во Македонија се восхитувааат на неоотоманизмот. Турција е единствената земја во Европа и во светот која ни вели вие сте во право. Ние од ваквата позиција на Турција сме возбудени и максимално ги отвораме вратите на турската културна и економска експанзија преку телевизиски програми, преку масовно навлегување на турскиот бизнис во сите сфери во Македонија. Во сите градови има основни и средни училишта на турски јазик. Во моментов во Македонија студираат повеќе од една илјада студенти од Турција. Тие не само што учат во Македонија, голем процент од нив се женат и остануваат тука. Другиот сериозен момент е засилениот процес на турцизирање на Ромите во Источна Македонија. Тие масовно се преименуваат во Турци. Ромите не само што изјавуваат дека се Турци, сега бараат и турски паралелки по училиштата. Државата тоа им го дозволува. Тука се и Македонците муслимани (торбешите) кои исто така масовно се турцизираат. Значи, ако сакате да го видите неоотоманизмот во живо, дојдете во Македонија и ќе видите дека овој процес на турцизирање ние го правиме со задоволство, бидејќи сите други ни се непријатели, а само Турција покажува пријателство".

    На прашањето зошто Македонците не ја признаваат бугарската врска, Георгиевски вели:

    „Тоа е парадоксално! Јас понекогаш се плашам. Дали овие процеси кои се развиваат во моментов кај нас, не се вистински страв од реалноста со кој народ сме најблиски и со кој народ делиме иста приказна".

    За договорот за добрососедски односи Георгиевски смета дека најдобра основа е токму декларацијата што тој ја потпишал како македонски премиер со неговиот тогашен бугарски колега Иван Костов. Тој смета дека процентот на историјата на Македонија и Бугарија не треба да е во коренот на овој договор, јас и Костов не се занимававме со историја и тогаш односите меѓу Македонија и Бугарија беа на највисоко ниво. „Факт е дека антибугарската политика во Македонија е на сцена и во овие 20 години демократија".

    Просрпската политика на Македонија, според Георгиевски, е очигледна со прославата на 100-годишнината од влегувањето на Србите во Македонија во Балканската војна, споменикот на цар Душан во центарот на Скопје и изградбата на српскиот офицерски дом на плоштадот во Скопје, кој е симбол на српската окупација на Македонија. А за нашата заедничка, реална, историја со Бугарија не сакаме да слушнеме - ниту празник да прославиме, ниту личност. Многу ми е мачно што и по 20 години самостојност нашата држава е просрпски ориентирана. Тоа ќе биде катастрофа за македонската нација!

    Во однос на спорот со Грција, за Георгиевски нема никакви дилеми – Република Горна Македонија или Република Северна Македонија е сосема прифатливо решение.

       (МКД)

        22 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 176 | Added by: Вељанко
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    ДА СЕ ЗНАЕ ШТО РЕЧЕ ЉУБ-ЧО И КОГА... иако неговото говорење е секогаш не само без врска, туку од некои служби за кои работи, колку познати, можеби, толку и непознати.

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025