Како што за медиумите соопшти портпаролот на романската сообраќајна полиција, Паул Улиеру, причини за големата сообраќајна несреќа биле непридржувањето на возачите на ограничувањето на брзината во услови на голомразица на автопатот. „За среќа, немаше жртви, меѓутоа повеќето возачи ќе мора да ги ремонтираат своите возила", додал портпаролот.
Според него, синоптичарите и претставниците на властите повеќепати од почетокот на седмицата ги предупредуваат возачите за голомразицата и неопходноста да се придржуваат на зимскиот режим на возење и зголемена претпазливост.
(Макфакс)
22 декември 2013