Камерон порача дека Велика Британија ќе стави вето на пристапот на Србија и Албанија во ЕУ, доколку овие две држави не го спречат бранот лажни азиланти во Европа.
-Сузбијте ја миграцијата, или ќе го блокираме влезот на Србија и Албанија - категорично истакна Камерон.
Тој истакна дека Велика Британија ќе се заложи за воведување на поостри пристапни критериуми за евентуалните нови членки на ЕУ, за да се ограничи пристапот на граѓаните на тие држави на пазарот на труд во европскиот блок.
Камерон се закани дека ќе употреби вето, за да го блокира влезот на било која држава во ЕУ, доколку тие земји не воведат построга контрола на своите граѓани кои патуваат во Британија и најави низа мерки со кои на имигрантите ќе им се укине социјалната помош по доаѓањето во таа земја.
(Нова Македонија)
23 декември 2013