Русија и го врати советскиот долг на Црна Гора
Русија во целост го исплати стариот долг на Советскиот сојуз што го имала кон Црна Гора, Чешка и Финска, соопшти денеска во Москва Министерството за финансии. Притоа се наведува дека долгот кон Црна Гора изнесувал 18 милиони долари. Советскиот долг спрема тогашна Југославија беше создаден за време на падот на цената на нафтата што Москва од 1988 до 1990 година и ја испорачуваше во замена за стока и индустриска опрема. Во 2003 година долгот беше распореден на сите републики на поранешна Југославија.
(Радио Слободна Европа)
23 декември 2013