БУГАРСКО-ГРЧКА СОРАБОТКА
БУГАРИТЕ ГИ САКААТ МОШТИТЕ НА ЦАР САМУИЛ, ИАКО ОФИЦИЈАЛНО НЕ Е ПОЗНАТО КАДЕ СЕ
Дел од бугарските медиуми тврдат дека постои план според кој посмртните останки на Цар Самуил може привремено да бидат пренесени од Грција во Бугарија, објави Канал 5.
Идејата е коските кои според дел од научниците се наоѓаат во гробот во црквата Свети Ахил на островот на малото Преспанско Езеро да бидат оставени за поклонение во градската црква Света Софија. Тоа треба да се случи по повод прославата на 1.000-годишнината од битката кај Беласица, пренесува бугарскиот весник Преса.
Со тоа според весникот секој Бугарин ќе може да му оддаде почит на царот, кој починал од инфаркт кога ги видел 15.000 војници ослепени од Василиј втори. Тоа го потврдил и Људмил Вагалински, директор на Софискиот археолошкиот музеј .
Моштите на Самуил би можеле да бидат и во Музејот за византиска уметност во Солун. Весникот пишува дека, за прославата на битката идната есен, Грција ќе и ја даде на Бугарија плаштеницата на Цар Самуил која се смета за единствениот негов личен предмет зачуван до денес.
(Дневник)
23 декември 2013