Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 8:23 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Балкан [71]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Балкан » Балкан

    Грција со „Пирополитис“ сака да заплаши 5.000 борци на УЧК

    Грција со „Пирополитис" сака да заплаши 5.000 борци на УЧК

    Порталот „Чамаријаорганизејшон" пишува дека оваа битка што почнува сега со властите во Атина ќе трае додека не се ослободат сите Албанци што со поколенија живеат под грчка репресија во Чамерија

    Грција ги мобилизира воените сили за заштита од агресија

    БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕВИРАЊА ВО РЕГИОНОТ

    Распоредување огромни армиски контингенти и масовно демонстрирање воена моќ, судејќи според текстовите на регионалните медиуми, е одговорот на грчките безбедносни сили на сѐ позачестените закани од албански екстремизам по должината на границата меѓу овие две соседни земји на Македонија.
    Како повод за најновата грчка погранична парада на моќ, атинските медиуми го наведуваат последниот инцидент во близина на Мала Преспа и Грамос. Во триесетминутната престрелка со наводни ловокрадци загинаа еден грчки граничар и тројца албански државјани. Оттогаш овој меѓуграничен дел на Албанија и на Грција е во фокусот на работата на безбедносните служби на Атина. Во меѓувреме на грчко-албанската граница се забележани десетина инциденти што почнаа со бегањето на 11-те затвореници од Трикала, чие фаќање ги чинеше Грците еден милион евра, преминувањето на границата на тројца избегани затвореници од Дренова, Албанија, а и престрелката во преспанското село Вронтеро, каде што беа убиени двајца Албанци и еден грчки полицаец.

    Трајно стационирање на војската

    На веб-страницата на грчкото министерство за одбрана стои известување во кое се вели дека повеќедневната воена вежба „Пирополитис" во која учествуваат силите за брза интервенција ќе има за цел да ја покаже подготвеноста на државата да се справи со потенцијална надворешна агресија.
    Во вежбата што е под команда на началникот на Генералштабот на Армијата на Грција, Михалис Костаракос, учествуваат два пешадиски баталјона, дузина воздухоплови, меѓу кои и четири хеликоптери „апачи".

    Грчките медиуми се повикуваат на извори блиски до тамошното министерство за одбрана, кои велат дека по завршувањето на воените вежби овие сили засекогаш ќе бидат стационирани во овој дел од земјата. Во близината на зоната Преспа ќе бидат изградени две караули, а потоа слични објекти ќе се подигнат и по 600 километри долгата граница меѓу Грција и Албанија. 

    Информациите што ќе се собираат од овие воени објекти ќе се пренесуваат до полициските станици. Од новите грчки мини-касарни ќе се координираат воени и полициски патроли, кои ќе дејствуваат на терен. Грчките војници ќе ги набљудуваат и оштетувањето на шумите и незаконскиот лов во природните резервати во Преспа и на планината Грамос. Граничната зона меѓу Албанија и Грција се наоѓа меѓу шуми и високи планини и таа околност се искористува од дилерите на оружје и дрога.

    УЧК има 5.000 војници во Грција

    Од друга страна, пак, медиумите на соседна Албанија тврдат дека овие воени вежби всушност се обидуваат да ги заплашат 5.000-те албански парамилитарни сили што се веќе распоредени во овој дел на Грција.

    Интернет-порталот „Шќиптарја" тврди дека во пограничните места веќе се наоѓаат трупите на Ослободителната народна армија (УЧК) и Војската за ослободување на Чамерија (УЧЧ).
    Порталот „Чамаријаорганизејшон" пишува дека оваа битка што почнува сега со властите во Атина ќе трае додека не се ослободат сите Албанци што со поколенија живеат под грчка репресија во Чамерија.

    Да се минира границата со Албанија

    Златна зора во почетокот на декември побара од грчката влада блокирање на границата со Албанија со враќање на војската таму, подигање кампови, па дури и поставување мини. Златнозорците бараа засилување на војската во, како што ја нарекуваат тие, западна Македонија, враќање на 15-та бригада во Костур, повторно отворање на камповите за собирање на иселениците. Според барањата на екстремно десничарската партија во Грција, специјалните армиски единици на граничните зони треба да се вратат во напуштените кампови.

    Токму затоа фашистичката грчка партија од државата бараше да бидат издвоени огромни средства за да се опремат и модернизираат грчката војска и полиција за да можат поуспешно да се прогонат албанските иселеници. Неонацистите повикаа на запирање на албанските банди, кои се тешко вооружени и тренирани по герилските тактики на УЧК.
     
       
    Автор: Александар Србиновски  
     
       (Нова Македонија)
        28 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 194 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025