-Сметам дека е создадена сосема погрешна слика во јавноста по прашањето за соработката на Србија и НАТО, особено по мислењето дека Србија полека се лизга кон НАТО, изјави Родиќ во интервју за денешниот број на весникот „Политика".
Според Родиќ евроинтеграцијата е меѓу најважните приоритети на српската Влада, додавајќи дека во рамките на интеграциите, прашањата поврзани со безбедноста на Србија, исто така, имаат многу важно место.
-Ниту Србија се лизга кон НАТО, ниту пак соработката со Русија, по сите прашања, вклучително и оние поврзани со одбраната и безбедноста, се со понизок приоритет и интензитет, туку напротив, нагласува српскиот министер.
(Нова Македонија)
29 декември 2013