|
Пукано врз резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина
Пукано врз резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина
Три лица се уапсени по инцидентот што рано утринава се случи во Атина, кога беше пукано врз резиденцијата на германскиот амбасадор. Во инцидентот нема повредени, соопштуваат грчките медиуми.
Како што наведуваа ДПА, најмалку четири куршуми од „Калашников" завршиле на надворешната метална врата на резиденцијата, која се наоѓа зад безбедносен ѕид на фрекфентна улица во северно предградие на грчката престолнина.
Истрагата до овој момент собрала 15 куршуми. Според информација на радио „Скај" врз резиденцијата е пукано најмалку 20 пати. Полициското обезбедување на резиденцијата не го употребило своето оружје затоа што станувало збор за густо населен станбен кварт.
Според полициски извори, имало двајца напаѓачи кои оделе пешки. Инцидентот се случил околу 3:40 часот утринава.
Грчкиот премиер Андонис Самарас и министерот за јавен ред Никос Дендиас по инцидентот телефонски разговарале со германскиот амбасадор во Атина Волфганг Долд, соопштува полицијата.
Антигерманската реторика е широко распространета меѓу грчките опозициски политичари и групи, кои се противат на спасувачките договори за земјата, заради строгите мерки за штедење, кои тие ги наметнуваат.
Германија е најголемиот поединечен учесник во 240 милијарди тешката спасувачка програма за Грција и таа врши перманетнен притисок врз Атина за спроведување на болните буџетски кастрења и реформи, за да ги заздрави своите финансии.
Резиденцијата на германскиот амбасадор била цел на напад и во 1999 година, кога членови на сега растурената екстремистичка група „17 ноември" истрелаа ракета, што го погоди покривот на зградата, потсетуваат агенциите.
(Утрински Весник)
30 декември 2013 |
|
|
Views: 214
| Added by: Вељанко
|
|
|