Одземен „приватизираниот" стан на Слободан Милошевиќ
Апелациониот суд во Белград со правосилна пресуда го одзеде правото на сопственост над куќата на улицата Ужичка од наследниците на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ. Судот утврдил дека сопственик на куќата е државата Србија
Со ова се завршува седумгодишниот спор меѓу државата Србија и семејството на Слободан, синот и ќерката Марко и Марија и вдовицата Мирјана Марковиќ.
Судот констатирал дека договорите за откуп на становите во оваа куќа меѓу Слободан Милошевиќ и Владата на Србија се донесени спротивно на тогашните прописи. Милошевиќ во тоа време бил функционер на државната заедница на СР Југославија, односно не бил функционер на Република Србија.
Со тоа не бил во категоријата на граѓани на кои се однесувале законските одредби за стекнување на приватност на државни станови. Милошевиќ тогаш имал еден откупен стан во сопственост на друга улица со површина од 326,26 квадратни метри, што ги задоволувале неговите потреби како семејно домаќинство.
(Нова Македонија)
31 декември 2013