Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 8:12 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Балкан [71]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Балкан » Балкан

    Заедничка седница на владите на Албанија и Косово во Призрен

    Заедничка седница на владите на Албанија и Косово во Призрен

    Владите на Албанија и Косово, предводени од премиерите Еди Рама и Хашим Тачи, денеска во Призрен ја одржаа својата прва заедничка седница.

    Седницата започна со воведно излагање на Тачи кој на присутните им се обрати со зборовите: „Добре дојдовте во нашиот заеднички дом", алудирајќи на Призрен, каде во 1878 година е формирана организацијата Призренска лига, која се залагала за создавање албанска држава, која би ги опфаќала сите територии на кои живеат Албанци.

    - Средбата на нашите две влади на ова свето место на создавањето на албанската нација е доказ дека напорите, потта и крвта на нашите херои од сите времиња дадоа плод, нагласи Тачи, оценувајќи дека седницата претставува „ново поглавје за Косово, Албанија и целиот регион".

    Според Тачи, двете Влади ќе „преземат историска одговорност да се грижат за сонародниците во регионот и да ги зацврстат врските со албанската дијаспора".

    За таа цел тој најави дека Албанија и Косово ќе формираат и „Фонд за економски развој на Прешевската Долина", односно за трите општини во јужниот дел на Србија - Прешево, Медвеѓа и Бујалновац, каде мнозинството од жителите се Албанци.

    Албанскиот премиер Рама, од своја странам истакна дека она што ги поврзува двете влади е „заедничкиот стремеж за интегрирање на Албанците во обединета Европа".

    - Ние сме повеќе од две соседни држави. Поголемиот дел од нашите граѓани и припаѓаат на една нација со заеднички јазик, култура и традиции, нагласи Рама.

    Првата заедничка седница на албанската и на косовската влада заврши со потпишување на договори за билатерлна соработка во областа на трговијата, транспортот и евроинтеграциите. 

     (не е за ќутење, нека се знае)

       (24ВЕСТИ)
        12 јануари 2014  
    Rating: 0.0/0
    Views: 218 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025