Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 7:11 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Балкан [71]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Балкан » Балкан

    Македонски Албанци во строј за сиријски бој

    Македонски Албанци во строј за сиријски бој

     

    Само во последните неколку дена во Сирија се убиени најмалку петмина Косовци и неколку други Албанци од регионот. Македонија веќе даде четири жртви

    Горан Адамовски


    Исламската верска заедница во Македонија не планира да апелира до младите Албанци да не заминуваат на боиштата во Сирија. За разлика од косовските колеги, тука се смета дека оваа појава не е толку раширена како што известуваат медиумите. За тоа време, скопското семејство Османи се подготвува за погреб на 22-годишниот Алил, кој беше убиен за време на судири на бунтовничките сили против армијата на претседателот Башар ал Асад. 

    Само во последните неколку дена во Сирија се убиени најмалку петмина Косовци и неколку други Албанци од регионот, поради што претседателот на ИВЗ на Косово, муфтијата Наим Трнава, упати јавен повик до младите Косовци да не заминуваат за Сирија. Според него, војната во оваа блискоисточна земја нема ништо заедничко со верата и оти оние кои се убиени не се херои зашто таму, според него, се води братоубиствена војна.

    „Заминувањето таму нема ништо заедничко со исламските начела. Умирањето на сириска почва нема ништо со вредностите, кои може да ги има еден херој, кој гине во војна кога има потреба од негово загинување", изјавил Трнава за Косовската радио-телевизија.

    Првиот човек на ИВЗ на Косово апелираше и до Министерството за внатрешни работи, но и до семејствата многу повеќе да работат во спречувањето на младите да заминат за Сирија и да се ангажираат за враќање на оние кои веќе се таму.

    Во ИВЗ во Скопје велат дека не планираат да дадат слична порака до своите верници, бидејќи, пред се', не можеш да знаеш дали, кога и каде заминува некој, а уште помалку да му забраниш.

    „Нам ни е жал доколку има млади деца од тука што заминуваат во Сирија, но сметаме дека работите се малку напумпани", ни рекоа вчера од ИВЗ.

    Според информациите од Сирија, Алим Османи од Скопје е четвртиот Албанец од Македонија што загина на тамошните боишта. Таму заминал минатото лето. Пред Нова година, како што објавија медиумите, преку „Фејсбук" и' напишал на мајка си „да не плаче за него зашто нема да се врати, туку да се помоли за него".

    Минатото лето во близина на Дамаск загина Имер Ниметула (38) со потекло од скопското село Грчец. Тој се борел на страната на бунтовниците, настрадал при заседа на силите на Башар ал Асад. Претходно беше убиен скопјанецот Сами Абдулаху, а кон крајот на мај загина Расим Зеќири од гостиварско Белоишта.

    Познавачите на состојбите велат дека е многу тешко да се каже колкумина наши сограѓани заминале во Сирија, Авганистан, Саудиска Арабија или Иран за да се борат, бидејќи во Македонија не постојат ниту кампови за обука ниту се регрутираат борците.

    „Камповите за обука во регионот се во Албанија и во Санџак. Таму ги добиваат потребните вештини за преживување. Регрутирањето се врши во Косово, има и голем дел што се пријавуваат во Австрија. Затоа е тешко да се каже колку од нив продолжуваат на кризните жаришта", раскажуваат упатените.

    Доброволците во Сирија претежно се исламски радикалисти, кои не уживаат голема поддршка меѓу муслиманските верници во земјава, вклучително и ИВЗ. Исламските фундаменталисти се лесно забележливи по долгите бради и препознатлива облека со панталони над глуждовите. Со финансиите што ги добиваат од Саудиска Арабија, многу полесно продираат до посиромашните слоеви, давајќи им пари и друга помош. 

    Како што објави „Утрински", над дваесетина оџи од Гостивар и од околината, изминатите години се школувале на факултетите во Саудиска Арабија и во Каиро. Тие сега го пренесуваат своето знаење на верниците. 

    Се шпекулира дека во Сирија на страната на бунтовниците се борат најмалку 140 Албанци од регионов, а дека досега загинале петнаесетина. 

    Упатените велат дека тие не се борат за пари, туку исклучително поради верски фанатизам. Сепак, нивните семејства не се оставаат да се соочат со финансиски проблеми.

       (Утрински Весник)
        14 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 304 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025