Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 7:25 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Балкан [71]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Балкан » Балкан

    Дачиќ: Го заслуживме овој ден

    Дачиќ: Го заслуживме овој ден

    „Добар ден, добре дојдовте. Ова е историски ден за Србија и за ЕУ", изјави Штефан Филе на српски јазик. Србија очекува да биде во ЕУ до 2020 година

    БЕЛГРАД/БРИСЕЛ – Во зградата на Европскиот совет во Брисел вчера Србија и официјално ги почна преговорите со ЕУ. Српската делегација, која ја предводеа премиерот Ивица Дачиќ и првиот потпретседател на владата Александар Вучиќ, ја пречека претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, па имаа заеднички состанок. Потоа и официјално почна меѓувладината конференција. 

    „Ја пофалувам Србија за напорите во реформите и за напредокот што е постигнат во текот на последниве години", изјави Баросо по состанокот со српската делегација, се наведува во соопштението. Тој наведе дека „граѓаните на Србија имаат силни европски стремежи" и дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Србија, чекор по чекор, на нејзиниот европски пат. 

    По меѓувладината конференција беше одржана и заедничка конференција за новинарите, на која зборуваа министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос, Штефан Филе, премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, и Александар Вучиќ. 

    Европскиот комесар Филе го почна своето обраќање на српски: „Добар ден, добре дојдовте. Ова е историски ден за Србија и за ЕУ". Понатамошното обраќање го продолжи на англиски, порачувајќи дека Србија направи многу големи чекори и дека денес симболично направи и чекор на вистинскиот пат кон ЕУ во годините што следуваат. 

    Србија, како што кажа Филе, го заслужи овој чекор благодарение на напредокот што го направи во вид на прогрес. Клучот, како што истакна комесарот, се реформите во многу сегменти, а особено огромниот напор што е направен во однос со Косово. 

    „Но, има уште многу тешка работа. Прво, Белград мора да остане во целост посветен на нормализација на односите со Приштина и почитување на договореното и потоа да продолжи да работи по точките од преговарачкиот процес", изјави Филе и нагласи дека особено важни ќе бидат поглавјата 23 и 24. 

    Ивица Дачиќ и' изрази благодарност на ЕУ што и' помогна на Србија да дојде до овој ден, истакнувајќи ја во таа можност високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, која, како што рече Дачиќ, била клучен фактор за доаѓање до компромис во бриселскиот дијалог, но и Филе, „кој трпеливо работеше сите овие години на создавање услови да може да напише во својот извештај дека Србија заслужува да добие статус на кандидат и да ги отвори преговорите". 

    „Ова е најважниот настан за Србија по Втората светска војна. Ова е стратегиска цел која го одредува нашиот пат по кој нашето општество треба да оди", изјави Дачиќ. 

    „Србија денес и формално станува дел од еден пристапен процес во заедничкото семејство на европските народи и затоа ова е историски ден. Оваа влада е формирана пред 18 месеци и не го очекувавте ова од нас. Ве изненадивме", изјави премиерот. „Да беше некоја друга власт, ќе имаше седумдневни прослави. Но, ние мора да работиме, од утре почнуваат скрининзите. Овој ден не го добивме, го заслуживме бидејќи трпеливо и посветено работевме". 

    Тој потсети дека од доаѓањето на местото претседател на владата, во Брисел бил 29 пати, предводејќи разни делегации и дека само со претставникот на владата на Косово се состанал 20 пати. „И во наредниот период ќе продолжиме по патот на реформи, бидејќи тоа е наша цел", додаде тој. 

    „Овој ден претставува крај на еден тежок почеток и ден на еден нов пат, нов почеток, кој, исто така, ќе биде исполнет со разни проблеми и за кои се трудиме да биде брз и да бидеме квалитетни на него", порача Дачиќ. 

    „Себеси си поставивме цел до крајот на 2018 година институционално да бидеме подготвени за влез во ЕУ, во смисла ЕУ да оцени дека сме подготвени, а во формална смисла во 2020 година да бидеме и навистина полноправна членка, т.е. со новиот буџетски календар на ЕУ", додаде српскиот премиер и нагласи дека по се' граѓаните ќе се изјаснат на референдум. 

    „И сето ова што досега го работевме, го работевме заради нашиот народ, за да живееме како и останатите европски народи. Сметаме дека Србија пред многу источноевропски земји беше Запад. Загубивме многу време и тоа е нашиот најголем дефицит. Бидете сигурни дека ќе направиме се' за да ве убедиме дека Србија треба да влезе во ЕУ", заклучи Дачиќ. 

    Европски официјални претставници и' го честитаа на Србија почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Шведскиот шеф на дипломатијата, Карл Билт, порача дека ова е важен ден за цела Европа. „Денес, конечно, почнуваат преговорите на Србија за членство во ЕУ. Тоа е важен ден за цела Европа", наведе Билт на својот профил на „Твитер". 

    И претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, и' честиташе на Србија на отворањето на пристапните преговори со ЕУ. „Ова е важен ден за Србија, ЕУ и Западен Балкан", наведе Шулц на „Твитер". (Б92)

       (Утрински Весник)
        22 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 216 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025