родавачот, кој се претставил како Иван Смарданов, објаснил дека огласот важи само за сериозни купувачи и дека за цената ќе разговара откако заинтересираниот ќе го разгледа селото.
Тој во огласот додал дека селото се продава заедно со „локалните крадливи црномурести жители", кои можат да бидат натерани да работат.
„Селото е многу убаво и многу големо. Составено е од три населби и има огромно земјиште...", напишал Смарданов во понудата во која биле објавени неколку фотографии од селото, но не и детали за сопственоста, имотот, правните услови и причините за продажба на селото.
Селото има 283 жители, главно постари. Се наоѓа во округот Видин, во општината Ружинци, на надморска висина од 208 метри и на површина од 27.205 квадратни метри. Потекнува до 16-тиот век и се спомнува во турските регистри.
Огласот за продажба предизвикал голем интерес на Интернет – за само еден ден бил прочитан 5.000 пати.
(МКД)
26 јануари 2014