Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 8:40 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Балкан [71]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Балкан » Балкан

    СЛИЧНО НА ИНВАЗИЈАТА НА ГРЦИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА И ВО БИТОЛА ИЛЈАДНИЦИ БУГАРИ ПАЗАРАТ МЕСО И СИРЕЊЕ ВО ПИРОТ

    СЛИЧНО НА ИНВАЗИЈАТА НА ГРЦИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА И ВО БИТОЛА

    ИЛЈАДНИЦИ БУГАРИ ПАЗАРАТ МЕСО И СИРЕЊЕ ВО ПИРОТ

    Илјадници Бугари с` почесто во саботите ја преминуваат западната граница на Бугарија и одат на пазар до најблиските српски градови – Пирот, Димитровград или Ниш. Најчесто купуваат сирење, кашкавал, колбаси, месо и пилиња, традиционалните плескавици и ќебапи. Kупуваат и кори за пита, вистински домашен леб, сливова или крушкова ракија, српска „вегета".

    Поевтино и поквалитетно 

    Екскурзиите до најблиските српски градови се случуваат во саботите зашто тогаш е пазарен ден, а во Пирот на пазарот традиционално доаѓаат производители од блиските села. 

    Блиското растојание – 80 километри од Софија до Пирот и можноста да се влезе во Србија само со лична карта и без виза дополнително ги стимулираат Бугарите. 

    Најпривлечното, сепак, е што цените се блиски со бугарските, па дури и пониски од тие во нивните продавници, а за сметка на тоа едногласно е мислењето на туристите што пазарат, дека Србите внимаваат на квалитетот на храната. Затоа и сирењето, кашкавалите, месото и колбасите се многу барани од Бугарите. 

    Последната сабота од јануари заради зимскиот кулинарски фестивал во Пирот дојдоа околу 5.000 Бугари, што е рекорд. Повеќе од 80 автобуси со регистрации од Софија и од софиската област, Пловдив, Русен, Монтана, дури и од Бургас можеа да се видат како гости. А по улиците на Пирот, пред продавниците и рестораните преовладуваа бугарските автомобили. На тезгите не се плаќа само со српски динари, туку лесно се земаат и левови и евра. 

    Организаторите на фестивалот кои пуштиле 2.000 влезници за салата со кулинарски штандови беа принудени да ги затворат касите до 14 часот зашто влезниците завршиле и требало да печатат нови. 

    Си купуваат и килими

    Луѓето ги претпочитаат кулинарските екскурзии зашто освен поквалитетната и вкусна храна што може да се купи, може да видат нешто поинакво, голема атракција се килимите што производителите ги изнесуваат во саботите на мостот.

    - Бугарите многу ги сакаат тие килими и ги купуваат, раскажува Вилислава Павлова, искусна водичка на екскурзија, која исто така присуствувала на кулинарскиот фестивал во Пирот со туристичка група. 

    Според Доброслав Илиев од агенцијата „Глобал турс", јануари и февруари се послаби поради студеното време. Рекордниот број туристи на 25 јануари бил поради атракцијата со фестивалот, каде што секој може да проба од сушеното месо и домашното вино, пред да избере какво да си купи. Постои постојана тенденција луѓето да одат до блиските српски градови на пазар, главно поради поквалитетната храна, тврди Илиев.

    Екскурзијата до Пирот ја предлагаат туристичките компании по цена од 20 до 30 лева, плус 2 лева за здравствено осигурување.

    Љубителите на кулинарски фестивали, пак, споделиле дека празникот на скарата што се одржува во Лесковец преку лето било далеку поатрактивен од „Пегланиот колбас" во Пирот.

    ФЕСТИВАЛ „ПЕГЛАН КОЛБАС"

    Kулинарскиот фестивал „Пеглан колбас" се одржува во Пирот по четврти пат. Се организира кон крајот на јануари, кога трговијата е замрена по новогодишните трпези. 

    Производителите од околните села покажуваат сушени филеа, колбаси. Има и сирење, кашкавал, урда, домашно вино и ракија, замрзнати боровинки, тегли со домашни слатка, домати, лутеница, грав и леќа. 

    Пегланиот колбас е традиционален за пиротскиот регион. Во него се ставаат многу состојки, вклучително и лута пиперка, а месото задолжително е без маст и се претпочита да биде телешко, козјо или овчо.

       (Дневник)

        4 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 192 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025