Kинези им фрлиле око на пустите ниви во софиската приградска населба Обелја, каде што сакаат да ги постават темелите на идниот „Чајнатаун ”, пишува бугарски „Монитор”.
Луѓето што живеат во тој регионот велат дека добиле предлози да му ги продадат своите парцели на кинески бизнисмен, кој бил заинтересиран за терените во месноста Околуврстен Пат, како и други запуштени плацови меѓу Обелја и Илијанци. Бизнисменот планирал да изгради станбени задруги на тоа место, во кои ќе ги смести под наем илјадниците сонародници што живеат во Софија.
Симеон Митев, шеф на агенцијата „Шанса 96", потврдил за „Монитор" дека пред два месеца кинески бизнисмени се интересирале за плацови во Софија, главно околу пазарот во Илијанци. Тие барале имот со површина над 30.000 квадратни метри и со дозвола за изградба на станови.
До договор не дошло. Очигледно тие само собирале информации за имотите што биле на продажба, а местото не било избрано случајно, се вели во текстот на „Монитор". Тоа е само на неколку станици подалеку од стоковниот пазар во Илијанци, каде што претежно работат Kинези. Многу од нив живееле во станови во населбите Надеж и Слобода, но при првата можност сакале да се преселат на друго место, за да бидат само со луѓе од својата раса.
Kинеската заедница во Бугарија е исклучително затворена, пишува порталот „Монитор". Тие се сплотени, водат бизнис, но сакаат контакт со Бугари. Ги прифаќале само како клиенти.
- Kинезите не сакаат да разговараат со Бугари и да склопуваат пријателства. Претпочитаат сонародници. Тврдат дека Бугарите сакале да ги измамат или да им бараат пари на заем. Наивно е сепак да се верува дека повеќето Kинези тонат во раскош. Нивната колонија се покорува на строго дефинирани правила и хиерархија, кои се почитуваат и тие не трошат пари. Поради јазичната бариера и националните особености, тие претпочитаат да се само со сонародници - објаснува познавач на состојбите за порталот.
Токму затоа, кинеските државјани во Бугарија сакаат да си имаат свое место, како што е во секој голем град во светот.
Најголемиот дел од нив е сместен во поранешните виетнамски домови зад Илијанци. Таму живеат по 5-6 луѓе во еднособен стан. Пристапот до куќите сепак е ограничен со лимена ограда, која оформува тесен коридор до влезот. Се тврди дека во становите Kинезите држат големи суми пари.
Токму затоа се засилените мерките за безбедност. Секој прозорец на зградата е покриен со темни завеси или со парчиња иверица за да не може да се гледа ништо во него. На секоја тераса има и сателитска антена, а на некои места имаат дури по две, наведува „Монитор".