Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-26, 7:02 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Балкан [71]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Балкан » Балкан

    ВИДЕО: Горат владите во Тузла и Сараево, демонстрантите фрлаат мебел на улица

    ВИДЕО: Горат владите во Тузла и Сараево, демонстрантите фрлаат мебел на улица

    Во Тузла, третиот ден од протестите, демонстрантите успеале да влезат во зградата на кантоналната Влада



    Демонстрантите во Тузла денеска ја запалија зградата на локалната власт, додека полицијата во Сараево употреби гумени куршуми и шок бомби за да го растера насобраниот народ пред зградата на Владата 

    Во Тузла демонстрантите после судирите со полицијата, влегоа во зградата на кантонската зграда и ја запалија, а од зградата во пламен демонстрантите мораа да скокаат од првиот спрат, објави Дневни аваз.

    Полицијата претходно се повеќе од зградата пред огромниот налет на демонстрантите, кои влегоа внатре, ја запалија и од неа го исфрлија мебелот.

    Демонстрантите појдоа во најголемата офанзива во изминатите три дена од протестите, па со камења, други предмети и рачно направени експлозивни направи интензивно ја гаѓаа зградата на владата, беше претходно објавено. Пред зградата имаше собрано околу 6.000 демонстранти кои пред новинарите изјавија дека не сакаат никакви преговори на кои ги повика кантонската влада, туку сакаат нејзина смена.

    Зградата на кантоналната влада во Сараево е обвиткана со чад, а чад излегува и од искршените прозорци на објектот. Околните објекти се исто така со искршени стакла, а полицијата не може да ја смири масата собрана пред зградата на владата. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон Ирфан Нефиќ изјави дека мнозинството од граѓаните дошло на мирни протести, но одредени групи, поединци и хулигани, го изразуваат својот став така што ја гаѓаат полицијата со камења и шишиња.

     

    Граѓаните во многу градови во Босна и Херцеговина, незадоволни од економската и социјалната ситуација во земјата за денеска најавија протести во знак на солидарност со демонстрантите во Тузла, кои од исти причини веќе трет ден се на улица.

    Протести се најавени во Приедор, во Јајце, во Бугојни, во Живинице, во Орешје, во Лукавац, во Бања Лука, во Зеница, во Бихаќ, во Мостар, во Брчко и другите места.

    На вчерашните протести во Сараево демонстрантите запалија неколку контејнери, а повеќе часа беше блокирана главната сообраќајница, а врз  зградата на Владата фрлаа јајца и камења.

    На мирни протести во Ливно се повикани и работниците од уништените фирми, спортските клубови.Протестен марш за денеска е најавен и во Бања Лука, Република Српска.

       (Нова Македонија)

       7 февруари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 177 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025