Гаф на олимпијадата: Македонија и Егејска Македонија станаа дел од Бугарија
Гаф на олимпијадата: Македонија и Егејска Македонија станаа дел од Бугарија
Милионите гледачи на директниот пренос од отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи станаа сведоци на еден забавен гаф на режисерот на преносот – наместо картата на Бугарија ја покажа картата на Санстефанска Бугарија од 1878 година, заедно со Македонија и со Егејска Македонија, пишуваат бугарските медиуми.
Овој гаф настана за време на претставувањето на бугарската делегација на стадионот во Сочи.
Бугарските медиуми јавуваат за забавен гаф, што веруваме не беше така забавно и за Македонците и за Грците.