Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 8:21 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Балкан [71]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Балкан » Балкан

    ГРЧКО-БУГАРСКА РАЗМЕНА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

    ГРЧКО-БУГАРСКА РАЗМЕНА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
    Атина – За да се откаже од моштите на цар Самуил, Грција бара од Бугарија да и' врати византиски црковни фрески и ракописи. Грчкиот весник „Катимерини" пренесува дека тајните преговори за предавање на моштите на Самуил на Бугарија меѓу Атина и Софија се на добар пат да успеат. Грција и' ветува на Бугарија дека ќе и' ги врати коските на Самуил навреме за прославата на 1.000-годишнината од неговата смрт. 

    Според весникот, Грција бара да и' бидат вратени стотина византиски ракописи, икони и црковни предмети кои се смета дека биле одземени од грчки манастири „Св. Јован Крстител" и „Пресвета Богородица" во Драма, од страна на бугарските власти за време на окупацијата во Првата светска војна. По договор во 1920 година, Бугарија на Грција и вратила дел од моштите од манастирот „Св. Јован Крстител", но не биле вратени сите 400 мошти и не биле вратени предметите од манастирот од Серес, кои се чуваат во музеј во Софија.

    Моштите на цар Самуил се најдени во Грција во 1969 година при археолошкото ископување на професорот Николаос Муцопулос во близина на Преспа. Муцопулос наишол на четири саркофази, а по темелни проверки, во кои учествувале и бугарски специјалисти, било утврдено дека се работи за коските на цар Самуил и неговото семејство. Муцопулос со децении ги чувал моштите дома, а сега тие се чуваат во Музејот на византиска уметност во Солун. 

    Муцопулос, по наредба на премиерот Андонис Самарас, неодамна бил во Софија. Грција и Бугарија долги години безуспешно преговараа за размена на моштите на Самуил и на византиското наследство, но актуелните тајни преговори може да завршат со успешен договор меѓу двете страни. (М.П.)

       (Утрински Весник)
        17 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 185 | Added by: Вељанко
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    Само не ми е јасно на чие културно наследство??? На македонското...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025