Разрешен е бугарски епископ поради оргија со четири жени
Епископот Борис, кој го предводеше вториот најголем манастир во Бугарија, е разрешен од должноста, откако беше откриено дека оргијал со четири жени.
Во соопштението на Светиот синод се вели дека тој е прогласен за виновен, поради вршење на дела недостојни за неговата позиција.
Снимката на која епископот е во сексуален однос со четири жени неодамна се појави на интернет, а делови беа објавени и во бугарските медиуми.
(Нова Македонија)
22 февруари 2014