Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 8:29 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Балкан [71]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Балкан » Балкан

    Воздушен десант близу границата со Косово

    Воздушен десант близу границата со Косово

    Овие воени вежби на Балканот доаѓаат во период кога Русија и Крим го потпишаа договорот за влегување на полуостровот во составот на Руската Федерација и кога и НАТО и Кремљ спроведоа огромни воени вежби и масовни демонстрации на армиска моќ (по вода, воздух и земја) околу Украина, која е безбедносно разнишана од последните случувања

    ЗАЕДНИЧКА ВОЕНА ВЕЖБА НА РУСКАТА И НА СРПСКАТА АРМИЈА

    „Блицкриг“-воздушен десант на падобрански единици што од авиони ќе слетуваат во непријателска контролирана територија, придружено со серија акции на специјалните воени единици на две добро вооружени армии за заземање објекти и возила, ќе биде сликата што најверојатно ќе ги опише идните руско-српски воени вежби што ќе се одржат во наредниот период на Балканот.

    Овие воени вежби, за кои засега сѐ уште нема официјален датум кога ќе се одржат, ќе се спроведат на српската територија, најверојатно во близината на Ниш и на српско-косовската граница. 

    Најавата за оваа несекојдневна воена активност на генералите на Кремљ и на Дедиње беше извршена изминатиот викенд, во текот на официјалната посета на делегација на вооружените сили на Руската Федерација во Србија, пренесува новинската агенција „Танјуг“.

    Високите руски воени делегати во Белград биле предводени од страна на командантот на 106-та воздушно-десантна дивизија, полковник Дмитриј Валеријевич Глуженков.

    Тој во касарната на српската армија „Растко Немањиќ“ се сретнал со српскиот колега, командантот на Специјалната бригада на Србија, бригадниот генерал Јелесие Радивоевиќ.

    Во соопштението на српската армија објавено на веб-страницата на војската на Белград стои дека двете делегации разговарале за можноста за реализација на заеднички воени вежби на специјалните единици на вооружените сили на Руската Федерација и на српската армија и за подобрување на билатералната воена соработка.

    Дополнително, во соопштението се наведува дека руските офицери присуствувале и на презентацијата на способностите на Специјалната бригада, а потоа посетата ја продолжиле во обиколка на 63-от падобрански баталјон на Специјалната бригада во Ниш.

    Лош момент за вежбата?!

    Овие воени вежби на Балканот доаѓаат во период кога Русија и Крим го потпишаа договорот за влегување на полуостровот во составот на Руската Федерација и кога и НАТО и Кремљ спроведоа огромни воени вежби и масовни демонстрации на армиска моќ (по вода, воздух и змеја) околу Украина, која е безбедносно разнишана од последните случувања.

    Во анализата на овие случувања „Нова Македонија“ се обидува да објасни каква е поентата на последните воени вежби на Балканот и какви пораки испраќа Русија во светот?
    По ова прашање експертската регионална заедница има поделени ставови.

    Балканските аналитичари поделени

    Белградскиот воено-политички аналитичар Мирослав Лазански објаснува дека регионалната јавност не треба да се вознемирува од оваа воена вежба на Србија и на Русија.

    - Самата вежба во својата замисла е од заштитен карактер за Белград и за Балканот, бидејќи предмет на увежбување ќе биде способноста на реагирање на армијата на Србија за зачувување на државната безбедност и осигурување на мирот на една балканска земја - вели Лазански.

    Тој објаснува дека овие редовни воени активности се најавени навреме кај сите соседи на Србија и не претставуваат никаков сигнал за да се алармираат војските на околните НАТО-земји ниту, пак, е нешто поврзано со случувањата со Крим и Украина.

    Наспроти Лазански, црногорскиот пензиониран генерал Благоје Граховац вели дека без разлика на сѐ што се случува сега во Украина, Белград само од морални и од етички причини би требало да го спречи одржувањето на оваа воена вежба со Русија на својата територија.

    - Дури и да е сосема случајно совпаѓањето на отцепувањето на Крим од Украина со одржувањето на воената вежба со Русија близу Косово, сепак самиот настан сам по себе е вознемирувачки. Токму затоа нема потреба и нема никаква логика од зголемување на психолошкиот товар на овој дел од светот за случувања што се далеку од нас - резимира Граховац.
     

     

     
       

    Автор: Александар Србиновски / aleksandar.s@novamakedonija.com.mk

    (Нова Македонија)

    24 март 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 206 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025