Убиен соработник на Аркан и Легија
Во вооружен напад во Белград убиен е Раде Ракоњац (51), кој во минатото бил телохранител и гардист на Жељко Ражњатовиќ Аркан и близок пријател на Лука Бојовиќ и Милорад Улемек Легија
Ракоњац од повеќето прострелни рани со тешки повреди беше транспортиран во Ургентниот центар во Белград, но им подлегна на повредите.
Во нападот, извршен од автомобил во движење, пукано е кафулето „Марики“ на улицата „Звечанска“, при што се ранети уште две лица, Стојан Новаковиќ и Горан Ристановиќ.
Според првичните сознанија на медиумите кои се повикуваат на неофицијални извори од полицијата, возило од кое било пукано, пронајдено е изгорено во населбата Вождовац, пренесува Телма.
(Нова Македонија)
2 април 2014