Убиствата на белградските улици се црногорска мафијашка освета!?
Раде Ракоњац (51), телохранителот на Жељко Ражњатовиќ Аркан и близок пријател на Лука Бојовиќ, е убиен во војната меѓу кланот на Бојовиќ и кланот на Милош Делибашиќ и Слободан Шарановиќ, а според српските криминолози се очекува ново крвопролевање на белградските улици, објавува српскиот весник „Курир“
Според соговорниците на весникот во белградското и српско подземје дошло до превирање по враќањето на Лука Бојовиќ, кој наскоро ќе биде испорачан од Шпанија.
Ликвидацијата на Ракоњац била пет дена по обидот за убиство на Горан Бојаниќ (38), соработникот на Делибашиќ.
- Кога ќе се земат сите околности, најверојатно станува збор за пресметка на два криминална клана кои се најактивни и најсилни во земјата. Пресметката не е поради преземање на бизнисот туку поради војната меѓу двете семејства Бојовиќ и Шарановиќ, изјавил Марко Ницовиќ, пиоранешен начелниk во белградската полиција.
За Добривоје Радовановиќ ладнокрвното убиство на Ракоњац е типичен пример за црногорската крвна освета. Според него понатамошниот бран на улични убиства може да се спречи со жестока акција на државните безбедносни служби.
Во Србија владееше период на затишје по бројните убиства во деведесеттите години.Новиот период на пресметки се должи и на смената на раководствата во полициските структури во државата, пишува „Курир“.
(Нова Македонија)
4 април 2014