Николиќ: Косово може да добие само широка автономија
Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека и по формирањето на новата влада на Србија, нема да има никакви промени во дијалогот меѓу Белград и Приштина
- Тоа зависи од ЕУ. Доколку Унијата реши да ја прими Србија без Косово, тоа значи дека тие воопшто не ја сакаат Србија во ЕУ. Во тој случај, ЕУ ќе рече: ние ја примаме Србија, но не во форма во која е прифатена како членка на ОН, изјави Николиќ во интервју за виенскиот весник „Пресе“.
Тој додава дека кога станал претседател на земјата, изјавил дека Србија ќе почне преговори со косовските Албанци.
- На нашите дипломати им дозволивме да учествуваат на конференции, каде што се поканети и косовските Албанци. Ние сме подготвени да му даде на Косово широка автономија, но ништо повеќе. Независноста на Косово не може да ја прифатиме, без оглед на сите последици, вели Николиќ, додавајќи дека Србија има многу добри односи со ЕУ и со Русија.
Тој изнесува податок дека 200.000 Срби биле протерани од Косово и оти како за исчезнати се водат 1.300 други, за кои до ден денес не се знае каде се.
- Не сакам да спроведувам правда со воените злосторства, ниту оние на српската страна. Одговорните за воени злосторства беа пред судот во Хаг и многу од нив беа осудени.
Но, Албанците обвинети за воени злосторства се ослободени, додека само Србите да се прикажат виновници, нагласува Николиќ за виенски „Пресе“.
(Нова Македонија)
7 април 2014