Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 8:34 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Балкан [71]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Балкан » Балкан

    Што и донесе Европската Унија на Словенија? Пропаст на банките и невработеност

    Што и донесе Европската Унија на Словенија? Пропаст на банките и невработеност

    slovenija_eu_zastave_636970173

    Словенија беше примена во ЕУ во времето на најголем просперитет, и нејзин и на ЕУ, и не беше тешко да се постигне апсолутна согласност на гласачите на референдумот организиран по тој повод. На љубљанските улици се возеле нови модерни автомобили, се градело на сите страни, вработувањето било на високо ниво, задоволни биле сите. Од студенти до пензионери.

    Десет години подоцна задоволствата стивнаа. Банките пропаднаа, а Владата има се помалку пари во буџетот за да се задоволат растечките потреби на сите. Дури и ако државата се извлече од рецесија оваа година, Словенците скапо ќе платат за лошо спроведената приватизација, давањето банкарски кредити за да се наполнат приватни џебови, лошо искористените пари од европските фондови, пропаѓањето на претпријатијата, аферата со Истрабенц, пивара Лашко, градежна компанија SCT, а сега и трговскиот гигант Меркатор.

    Економијата во 2004. година порасна за еден процент, а сега едвај 0,6 отсто, невработеноста порасна за околу 13 проценти, што за два милиони луѓе е огромен процент. Државата е презадолжена и многу се и оние кои по фамилијарни и партиски линии добиле работа во јавниот сектор.

    Словенија за десет години од најуспешните и најперспективните на листата на нови членки на ЕУ, која треба да служи како пример за другите земји во Југоисточна Европа, особено на Балканот, падна на дното по успешност.

    Одбележувањето на десетгодишнината од пристапување кон ЕУ се совпадна со политичка криза и судењето на поранешниот премиер Јанез Јанша за корупција во предметот Патрија и расколот во најголемата партија од владејачката коалиција, Позитивна Словенија, која на неодамнешниот конгрес на нов лидер, наместо премиерката Аленка Братушек, повторно го избра основачот на партијата и градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ.

    Иако се уште не се знае исходот од разговорите со шефот на државата Борут Пахор, премиерката ја најави својата оставка, а коалиционите партнери и аналитичарите очекуваат нови парламентарни избори, кои ќе чинат нови два милиона.

    (Денешен Весник)

    30 април 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 199 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025