ан Харлан е познат како соработник на Стенли Кјубрик
Проекција на филм и предавање на продуцентот Јан Харлан
По проекцијата на филмот, здружението „Иницијатива за независен културен активизам" (ИНКА) организираше предавање на Харлан.
„И фабриките имаат душа" е краток документарен видеоарт-проект на двајцата уметници, кој го прикажува амбиентoт на фабриките низ земјава и му дава поинаква перспектива. Авторите објаснуваат дека делото е аудиовизуелно патување низ просторот на фабриката „Макстил".
За предавањето на Харлан беше најавено дека ќе опфати повеќе теми и разговори, за краткиот филм како отскочна штица за младите филмаџии, раскажувањето на приказната само со звук и слика, нашата внатрешна фантазија како основа за сета уметност и наука.
Харлан е познат како близок соработник и извршен продуцент на Стенли Кјубрик. Овој филмски продуцент веќе ѝ е познат на нашата публика по посетите на земјава. Тој бил вклучен како продуцент на повеќе филмови на Кјубрик, а бил и приватно врзан со режисерот, тој е брат на сопругата на Стенли, Кристијане Кјубрик.
На предавањето што го организираше ИНКА, во соработка со „Синедејс" и со Отворено графичко студио, имаше можност и за сесија прашања и одговори со публиката.
|
|